четврток, август 6, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Полицијата во Париз уапси 10 лица за организирана измама со лажни билети и тури во Лувр

by Redakcija
13.02.2026
in Свет
Полицијата во Париз уапси 10 лица за организирана измама со лажни билети и тури во Лувр

Десет лица, меѓу кои и вработени во најпосетениот музеј во светот, Францускиот Лувр, како и неколку туристички водичи, се уапсени во голема полициска акција против организирана измама, јавуваат француските медиуми.

Како што пренесува „Ле Паризиен“, полицијата интервенирала откако управата на Лувр пријавила сериозни „неправилности“ во продажбата и резервацијата на билети. Истрагата открила дека криминалната мрежа продавала лажни влезници на кинески туристи и незаконски пререзервирала атракции, заработувајќи огромни суми на грбот на посетителите.

Во рамките на истрагата, биле запленети три возила, како и огромни пари — 130.000 евра кеш, речиси 200.000 евра на банкарски сметки, како и неколку банкарски сефови полни со средства.

Музејот Лувр во своето официјално соопштение, ја истакнал потребата за „стриктен и структуриран план против измами“, опишувајќи целосен сет мерки кои вклучуваат мапирање на ризици, правни иницијативи, техничка поддршка и засилени контроли, како и систематско следење на резултатите.

Овој случај доаѓа во сложен период за музејот: Лувр веќе се соочува со синдикални штрајкови поради незадоволство од платите и условите на работа, што редовно доведува до делумно затворање на култниот музеј на неделно ниво.

Дополнително, институцијата беше предмет на критики поради значителното зголемување на цените на билетите за посетители од надвор од Европа – од 22 на 32 евра – мерка која е дел од национална политика на „диференцирани цени“ што ја применуваат и други француски културни институции.

Related Posts

Дунав пресушува: Нискиот водостој го запре товарниот транспорт во Австрија

05.08.2026

Трамп пред тешка одлука за Иран

05.08.2026

Зеленски: Русија губи околу 30.000 војници месечно

05.08.2026

ВИДЕО – „Ве молам, немојте да ме враќате“: 12-годишно момче од Мароко стана симбол на мигрантската криза во Шпанија

04.08.2026
(ВИДЕО) Пентагон отвори тајна архива за НЛО: ОБЈАВЕНО ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО!

Трагедија на руското Црноморје: Тројца загинаа, 13 лица се повредени по пад на остатоци од дрон

04.08.2026

Уапсен осомничен пироман за катастрофалниот пожар кај Спокејн: Изгореа најмалку 700 објекти, евакуирани 67.000 луѓе

04.08.2026

Препорачани Вести

Работна посета на премиерот Мицкоски денес во Штип

5 месеци ago

Божиновска: Зајакнувањето на соработката со Шпанија отвора нови можности за културна и институционална размена

1 месец ago

Популарни Вести

  • Николоски од Ново Село: Продолжуваме со проекти што носат развој и подобар живот за граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Падна уште еден полицаец – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две девојки скокнале од такси во движење во Македонија – се утврдува што точно се случило!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утре дел од Тетовско без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен возачот кој возеше во спротивна насока на автопатот Скопје – Велес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.