сабота, октомври 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

УЈП со важни информации за остварен доход од работа во странство

by Redakcija
14.02.2026
in Економија

Управата за јавни приходи ги потсетува граѓаните кои во текот на 2025 година оствариле доход од работа (плата) во странство дека се приближува законскиот рок за поднесување на електронска пресметка и доставување соодветни докази за остварениот доход.

Физичките лица,  даночни резиденти на Република Северна Македонија, кои во текот на календарската 2025 година оствариле доход од работа од странство, се должни преку системот е-Даночни услуги да поднесат електронска пресметка за доход остварен од странство: https://e-ujp.ujp.gov.mk/ureg/login.seam

Обврската за поднесување електронска пресметка постои без разлика дали данокот во странската држава е платен или не е платен. Даночните обврзници кои оствариле доход од странство имаат обврска истиот да го пријават и заедно со пресметката да достават и соодветни докази (докази за остварен доход и доказ за евентуално  платен данок во странство). Пресметката за доходите остварени во текот на 2025 година треба да се поднесе најдоцна до 31 март 2026 година.

Кон електронската пресметка задолжително се прикачуваат соодветни докази: потврда од исплатувачот, извод од банка, договор за извршени услуги, платни листи, потврди за исплатен доход, како и други релевантни документи со кои јасно се потврдува видот, износот и периодот на остварениот доход од странство, како и евентуално платениот данок во странската држава.

Детални насоки за постапката на пријавување, начинот на пополнување на пресметката, плаќањето на данокот и примената на договорите за избегнување на двојно оданочување се достапни на следните линкови:

·         http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/1170

·         е-даночни услуги: https://e-ujp.ujp.gov.mk/ureg/login.seam

·         Список на држави со кои е склучен договор за избегнување двојно оданочување: 

http://www.ujp.gov.mk/mk/regulativa/pregled/tr/md

·         Упатство за пополнување на електронската пресметка: https://www.youtube.com/watch?v=gcAcns_QFoE

Во рамки на редовната меѓународна даночна соработка и размена на информации, Управата за јавни приходи информира дека се поднесени 203 барања за информации до странски даночни органи за проверка на документацијата доставена од граѓани кои во 2020 година преку американски компании остварувале доход од работа во Авганистан и Ирак. Овие активности се дел од механизмите за проверка на веродостојноста на податоците и обезбедување точност и транспарентност во даночниот систем. Навременото исполнување на обврските овозможува правилно утврдување на даночната обврска и избегнување на дополнителни постапки и санкции.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

31.10.2026

Паднаа цените на златото и среброто на светските пазари

31.10.2026

Колку пари се потребни за удобен живот во Европа?

31.10.2026

Милијарди евра на банкарските сметки: Што откриваат бројките за штедењето?

31.10.2026

ОКТА: Финансиски резултати за третиот квартал и девет месеци од 2026 година

30.10.2026

Божиновска: Енергетската транзиција мора да донесе сигурност и нови можности за економски развој

30.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Реките во Македонија со зголемено ниво

Реките во Македонија со зголемено ниво

9 месеци ago

Дневен хороскоп за 11 јули: Нови можности, љубовни изненадувања и важни одлуки за сите знаци

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Николоски: Преку 6 милиони евра директна помош за Кичево, инвестираме за инфраструктурен развој на општината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали знаете што пишува под ликот на свети Димитриј во црква крај Солун?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата постапува по неколку напади во Тетово, приведен и осуденик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Култура, спорт и хуманост во чест на 4 Ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.