среда, септември 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

ГОЛЕМ ОДРОН КАЈ КОЛАРИ: Патот Кичево – Гостивар затворен, забрана за движење на автобуси има и кон Попова Шапка

by admin
15.02.2026
in Република

Голем одрон утрово го блокираше сообраќајот на магистралниот пат Кичево – Гостивар кај селото Колари, поради што делницата од 5:40 часот била целосно затворена, информираат од ЈП „Македонија пат“.


Од 7 часот сообраќајот е повторно воспоставен, но се одвива наизменично по една коловозна лента во должина од околу 30 метри, на местото на одронот.


Забрана за автобуси и камиони кон Шапка
Поради нестабилниот терен, АМСМ воведе забрана за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец село Лисец – Попова Шапка од 05:45 часот.


Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови и по влажни коловози, а интензитетот надвор од градовите е умерен. На граничните премини, засега нема подолги задржувања.


Апел за внимателно возење
Надлежните препорачуваат прилагодена брзина и строго почитување на сигнализацијата, особено низ клисурите и долините каде постои ризик од нови одрони. Како критични се посочуваат и делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.


Во сила останува и законската обврска за задолжителна зимска опрема во возилата.


Обилни врнежи во повеќе региони
Според мерењата на УХМР, во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Пожаране – 48 л/м², потоа Тетово – 45, Лазарополе – 33 и Маврови Анови – 31 литар на метар квадратен, што дополнително го зголемува ризикот од свлечишта и одрони.

Related Posts

Коњановски: Гордост за Битола – Стефанија се врати од Италија со два медали

15.09.2026

ВИДЕО – Проданоски: Секое дете заслужува еднакви можности и поддршка

15.09.2026

Тоневски: Инвестираме 4,6 милиони денари во СОУ „Наум Наумовски-Борче“

15.09.2026

(ВИДЕО) Тоневски: Пробиштип ќе добие целосно реконструирано ракометно игралиште

15.09.2026

Без струја утре дел од Тетово и повеќе тетовски села

14.09.2026

Сомнеж за подметнат пожар во Иловица: Пронајдени исечени гранки и запалка

14.09.2026

Препорачани Вести

Божиновска: Македонскиот рубин добива систем што ќе го гарантира неговото потекло и квалитет

4 дена ago
Пентагон разгледува пренасочување оружје наменето за Украина кон Блискиот Исток

Пентагон разгледува пренасочување оружје наменето за Украина кон Блискиот Исток

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Во Албанија откриена огромна статуа на илирската кралица Теута

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,28 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Катар предупредува на нов глобален шок: Што ќе се случи ако Хутите го блокираат Баб ел-Мандеб?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски генерал загинал во украински напад врз штаб во Доњецк?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канада тропна на вратата на ЕУ: Се бара статус каков што досега немало

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.