петок, септември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Спорт

Македонец во дресот на Канада ќе дебитира на ЗОИ во боб четворосед

by Redakcija
16.02.2026
in Спорт

Македонец од дијаспората ќе настапи на Зимските олимписки игри како дел од канадската репрезентација. Лука Стоикос, кој има македонско потекло по татко му Борис, ќе дебитира на 25. Зимски олимписки игри во Милано-Кортина како член на тимот на Канада во боб четворосед.

Дваесет и двегодишниот Стоикос до неодамна се натпреварувал во американски фудбал, но пред осум месеци одлучил да ја промени спортската кариера и да се насочи кон боб. Неговата физичка подготвеност и експлозивноста му овозможиле брзо да стане дел од тимот, каде што ја има улогата на туркач на бобот.

Својот прв меѓународен настап го имал во ноември на трка од Светскиот куп во Лилехамер, додека веќе во декември успеал да се пласира во топ 10 со канадската селекција, што претставува значаен успех за млад спортист на почетокот на кариерата во овој спорт.

Стоикос доаѓа од семејство силно поврзано со македонската заедница во Канада. Неговите баба и дедо се долгогодишни донатори на македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Торонто, а татко му Борис бил претседател на црковниот одбор. Спортската традиција во семејството е исто така изразена – неговиот татко Борис и чичко му Џон ја претставувале Канада на Игрите на Комонвелтот во 1996 година во дисциплината фрлање кладиво.

„Моето семејство и македонската заедница ми се голема поддршка во кариерата. Иако сум роден во Канада, моето македонско и италијанско потекло се нешто на кое сум горд. Настапувам за Канада, но чувствувам дека ги претставувам и македонската и италијанската заедница“, изјави Стоикос.

Натпреварите во боб четворосед на олимписките игри започнуваат на 18 февруари.

Покрај Стоикос, на овие Игри настапи уште еден спортист со македонско потекло. Хокејарката Кристин дела Ровере, родена во Канада, настапи за Италија – земјата на нејзиниот татко, и со својот тим го освои осмото место. Нејзината мајка Елизабета Димовска е познат стоматолог, додека нејзините баба и дедо се основачи и долгогодишни уредници на радио програмата „Обединета Македонија“ во Торонто.

Related Posts

Глаголицата на новите хрватски дресови

17.09.2026

Формула 1 со големи промени во 2027: Се враќаат Португалија и Турција, рекордни 10 спринта

16.09.2026
(ВИДЕО) Го загуби џудо-мечот, па го нокаутира противникот со тупаници: Германски олимписки репрезентативец со скршена вилица

(ВИДЕО) Го загуби џудо-мечот, па го нокаутира противникот со тупаници: Германски олимписки репрезентативец со скршена вилица

06.09.2026

Иџе на подиумот во Словенија: Новиот болид трет меѓу најбрзите во Европа

31.08.2026

ЛШ со спектакл од стартот: Реал – Интер и Ливерпул – Атлетико во првото коло

29.08.2026

Прилеп добива нов фудбалски клуб – ГФК Победа ќе се натпреварува во Третата лига

27.08.2026

Препорачани Вести

Тоневски: Пробиштип повторно ги обединува граѓаните преку празничната традиција

9 месеци ago

5 лица во бегство по истрагата во ФФМ

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,26 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: 141 од 180 проекти веќе се реализираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитриеска-Кочоска: Координациска средба со директорите на УЈП и Царина- Внимателно ги следиме движењата на реализација на Буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонскиот рубин ќе добие сертификат и ќе тргне кон светскиот пазар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Засилено се одвива изградбата на железничката пруга на делницата Бељаковце – Крива Паланка, која е дел од железничкиот Коридор 8 кон Бугарија.

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.