понеделник, септември 21, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Николоски: Нови авиолинии од Скопје до Алгеро и Палермо, расте интересот за македонскиот авиосообраќај

by Redakcija
17.02.2026
in Економија

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, најави воведување на две нови авиолинии од Скопскиот аеродром, со што дополнително ќе се зајакне воздушната поврзаност на земјава и ќе се зголеми бројот на патници.

Од 15 јули ќе започнат летовите од Скопје до Палермо, а од 18 јули ќе се воспостави и линијата до Алгеро, Сардинија, во Италија. Двете линии ќе ги оперира нискобуџетната авиокомпанија Wizz Air и ќе бидат активни во текот на летната сезона.

Според Николоски, овие нови дестинации се значаен чекор напред за развојот на авиосообраќајот, но и за привлекување на туристи во Македонија.

„Станува збор за убави вести и за граѓаните кои сакаат да патуваат, но и за сите што сакаат да ја посетат нашата земја. Со новите авиолинии се отвораат дополнителни можности за поврзување со европските туристички центри“, истакна Николоски.

Тој потенцираше дека Скопскиот аеродром бележи континуиран раст, нагласувајќи дека 2025 година била рекордна со над 3,2 милиони патници. Со воведувањето на новите линии, се очекува дополнително зголемување на бројот на патници и зацврстување на позицијата на аеродромот како регионален лидер.

Дополнително, најавено е и зголемување на фреквенцијата на летови на постојните линии, како и стационирање на нов авион од најновата генерација Airbus A321 Neo на Скопскиот аеродром.

Николоски истакна дека за новите линии не се предвидени субвенции, што, според него, е показател дека постои реален и растечки комерцијален интерес за македонскиот пазар.

„Ова е силен сигнал дека авиосообраќајот во Македонија се развива на одржлив начин и дека интересот за летови од и кон Скопје постојано расте“, нагласи Николоски.

Related Posts

Бензинот и дизелот во ЕУ најскапи во последните 20 години

19.09.2026

Божиновска во посета на ХЕ „Вруток“: Енергетиката најдобро се разбира на терен

20.09.2026

Косовска компанија го презема „Тинекс“: Комисијата за конкуренција даде одобрение

19.09.2026

Неделен преглед на Македонската берза: промет од 81,25 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

19.09.2026

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,26 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

18.09.2026

Димитриеска-Кочоска: Координациска средба со директорите на УЈП и Царина- Внимателно ги следиме движењата на реализација на Буџетот

18.09.2026

Препорачани Вести

Голема регионална еко-акција во Охрид: Нуркачи од четири земји го отстранија отпадот од Охридското езеро

Голема регионална еко-акција во Охрид: Нуркачи од четири земји го отстранија отпадот од Охридското езеро

4 месеци ago

Уапсена газдарица на салон за убавина – фатена е со криумчарени филери и средства за слабеење! (ФОТО)

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Мицкоски – Рубио: Продолжува стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВЛЕН: Ахмети од „ако згрешил нека одговара“ до „Груби е невин“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што се празнува на Мала Богородица и зошто овој ден има посебно значење за верниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 21 СЕПТЕМВРИ: ЉУБОВНИ ИЗНЕНАДУВАЊА, ВАЖНИ ОДЛУКИ И НОВИ МОЖНОСТИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трагедија на Шар Планина: На над 2.500 метри пронајдено безживотно тело, извлечено со хеликоптер

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.