четврток, септември 17, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

400 руски дронови и 29 ракети ја погодиле Украина

by Redakcija
17.02.2026
in Свет
400 руски дронови и 29 ракети ја погодиле Украина

Во серија координирани напади врз Украина, Русија лансираше речиси 400 дронови и 29 ракети од различен тип, вклучувајќи и балистички, со цел да го погодат енергетскиот сектор на земјата. Ова го соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски, нагласувајќи дека нападот бил внимателно пресметан за да предизвика максимална штета.

Според него, украинската противвоздушна одбрана успеала да собори значителен дел од ракетите и дроновите, но некои удари сепак погодиле цивилни и инфраструктурни објекти. Во Одеса десетици илјади жители останаа без греење и водоснабдување, откако голем број дронови го погодиле енергетскиот систем.

Во нападот беа погодени вкупно 12 региони, при што девет лица се повредени, вклучувајќи и деца. Беа оштетени повеќе од десет станбени згради, како и делови од железничката инфраструктура, што дополнително ја отежнува нормалната функција на јавниот транспорт.

Зеленски упати апел до меѓународните партнери да реагираат на „ударите по живот“ што ги изведува Русија и истакна дека агресорот мора да одговара. Тој истакна дека ефикасната дипломатија зависи од комбинацијата на правда и сила: санкции, притисок и континуирана поддршка за украинската армија и воздушна одбрана.

„Мирот ќе биде вистински и праведен само ако се насочи кон изворот на агресијата“, рече Зеленски, повикувајќи на меѓународно единство против Москва која, според него, продолжува со убиства, масовни напади и офанзиви ширум Украина.

Related Posts

Дизелот во САД со рекордни цени: Трамп бара Зеленски да ги запре нападите врз руската енергетика

16.09.2026

Нова надеж за примирје: Русија и Украина се согласија да ги запрат нападите врз енергетиката

16.09.2026

По првиот напад следел нов обид: Русите повторно го демнеле авионот на Зеленски

16.09.2026

Катар предупредува на нов глобален шок: Што ќе се случи ако Хутите го блокираат Баб ел-Мандеб?

15.09.2026

Руски генерал загинал во украински напад врз штаб во Доњецк?

15.09.2026

Канада тропна на вратата на ЕУ: Се бара статус каков што досега немало

15.09.2026

Препорачани Вести

Дневен хороскоп за 3 септември: Ден за важни одлуки, љубовни пресврти и нови можности

2 недели ago

Добивка за сите: Државна лотарија во служба на заедницата во 2025 година

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Жена го нападнала сопругот и му се заканувала со остар предмет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Формула 1 со големи промени во 2027: Се враќаат Португалија и Турција, рекордни 10 спринта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тензично на демонстрациите во Косово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Праведната енергетска транзиција мора да донесе конкретни инвестиции и сигурна енергетска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Xiaomi ја претставува серијата REDMI Note 17 во Европа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.