понеделник, ноември 9, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Одложено рочиштето за „Пулс“ поради здравствена состојба на обвинет

by Redakcija
18.02.2026
in Македонија

Судењето за трагичниот пожар во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени, е одложено поради влошена здравствена состојба на еден од обвинетите.

Како што соопшти Основниот кривичен суд Скопје, главната расправа закажана за 19 февруари нема да се одржи, бидејќи обвинетиот Гроздан Милковски се наоѓа на болничко лекување во општата болница во Кочани.

Судијката Диана Груевска-Илиевска, која претседава со судечкиот совет, остварила телефонски разговор со лекарите задолжени за лекувањето на Милковски. Тие ја информирале дека тој не е во состојба да присуствува на рочиштето, но посочиле дека неговата здравствена состојба се очекува да се подобри, што би му овозможило да присуствува на следните судења.

Милковски е сопственик на објектот во кој функционирало кабарето „Пулс“. Тој претходно изјави дека објектот го издал под кирија и дека не бил запознаен со неговата пренамена. Неговата одбрана и на претходното рочиште укажа дека обвинетиот има здравствени проблеми и тешко го следи процесот.

Од судот информираат дека, со цел економичност на постапката и избегнување дополнителни трошоци, за одложувањето се известени сите странки во постапката – бранителите, полномошниците на оштетените, сведоците, како и надлежните институции. Воедно, остануваат во сила веќе закажаните термини за продолжување на судењето.

Следното рочиште е закажано за 25 февруари, кога се очекува да сведочат петмина сведоци. На претходното рочиште беа сослушани четворица сведоци, меѓу кои пожарникари кои учествувале во гаснењето на пожарот, како и лица кои биле присутни во објектот во моментот на несреќата.

Во меѓувреме, родителите на жртвите изразија сомнежи за можен притисок врз сведоци од страна на еден од обвинетите, повикувајќи ги надлежните институции да ги проверат наводите.

За случајот „Пулс“ се обвинети 35 физички и три правни лица, меѓу кои сопственици, инспектори, поранешни функционери и лица од обезбедувањето. Сите обвинети на почетокот на процесот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Божиновска: Со 15 стипендии ги поддржуваме идните инженери во македонската енергетика

09.11.2026

Европа нагло закочи со станбените кредити. Колку брзо трендот може да стигне во Македонија?

09.11.2026

Мицкоски: „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија

09.11.2026

Убави вести за граѓаните: Поевтинуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло

09.11.2026

Нови правила за боледување од 1 декември: Што се менува за пациентите?

09.11.2026

Палмер: Македонија направи сè што побара ЕУ, бугарската блокада создава лош преседан

09.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Нестабилно време со дожд и ветер, температурите во благ пораст

Умерен до засилен северен ветер, дневна температура до 11°C

9 месеци ago

Меџити на средба со МК25: Дијаспората клучна за нови инвестиции во Македонија

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Девет противпожарни возила на терен: Спречено ширењето на пожарот кај Бит-пазар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Германците го избраа автомобилот на годината: Се истакна и меѓу луксузните фаворити

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалете ги сметките за греење со овој трик: Радијаторите ќе греат посилно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ирански ракети со подолг домет? Што значи одлуката на Техеран за Европа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: Активист го фрли германското знаме пред Рајхстагот и постави палестинско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.