вторник, септември 15, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Мицкоски: СДСМ е слабата точка во одбраната на македонскиот идентитет

by Redakcija
19.02.2026
in Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за Канал 5 остро ја критикуваше опозицијата, оценувајќи дека таа претставува „меко ткиво“ во однос на клучните национални прашања, вклучително и идентитетските теми и уставните измени.

Според Мицкоски, опозицијата предводена од СДСМ не извлекла поуки од претходните политики и продолжува да делува спротивно на, како што рече, интересите на државата. Тој ја обвини партијата за погрешни одлуки во минатото, кои, според него, биле проследени со криминал, неработење и недоволна испорака на резултати.

Премиерот се осврна и на неговата поранешна средба со Димитар Ковачевски, истакнувајќи дека тогаш барал национален консензус за клучните прашања поврзани со преговарачката рамка со Европската унија. Како што наведе, апелирал да не се прифаќаат условите поврзани со историската комисија и измените на Уставот, но неговите предлози не биле прифатени.

Мицкоски истакна дека и во сегашноста постојат сериозни разлики меѓу власта и опозицијата. Тој посочи дека на средба со лидерот на СДСМ, Венко Филипче, било јасно дека ставовите се дијаметрално спротивни, особено по прашањето за уставните измени.

„Тој јасно кажа дека би го сменил Уставот веднаш доколку има можност и дека за него тоа не претставува проблем. Со такви различни позиции, тешко е да се постигне национален консензус“, изјави Мицкоски.

Премиерот нагласи дека Владата ќе продолжи да делува внимателно и трпеливо, обвинувајќи ја опозицијата за, како што рече, ширење невистини и политички напади, додека власта ќе остане фокусирана на своите цели и стратешката насока на државата.

Related Posts

Мицкоски со владина делегација во САД: Планирани средби на високо ниво, со државници и финансиски институции

15.09.2026

Ви фалат до 2 години стаж? Владата подготвува можност да ги докупите

15.09.2026

Следуваат два продолжени викенди во Македонија

15.09.2026

Ако сте на боледување, ќе може да ви дојде контрола на домашна адреса

14.09.2026

Божиновска со органите во состав: Ревизорските наоди мора да добијат конкретен одговор и рок за реализација

15.09.2026

Што ќе се случува со платите во администрацијата – Еднаква плата за еднаква работа?

14.09.2026

Препорачани Вести

Одреден е датумот за предвремени избори за градоначалник на Општина Брвеница

1 месец ago

Пешак прегазен кај Жена Парк во Скопје

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Во Албанија откриена огромна статуа на илирската кралица Теута

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,28 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Катар предупредува на нов глобален шок: Што ќе се случи ако Хутите го блокираат Баб ел-Мандеб?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руски генерал загинал во украински напад врз штаб во Доњецк?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канада тропна на вратата на ЕУ: Се бара статус каков што досега немало

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.