петок, ноември 6, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Премиерот ја исклучи Ристоска од трката за шеф на обвинителството

by Redakcija
20.02.2026
in Македонија
Премиерот ја исклучи Ристоска од трката за шеф на обвинителството

Премиерот Христијан Мицкоски јасно стави до знаење дека обвинителката Ленче Ристоска не е кандидат што Владата го разгледува за функцијата државен јавен обвинител. Во изјава дадена за Канал 5, тој нагласи дека нејзиното име „апсолутно не е во игра“.

Изјавата доаѓа во период кога постапката за избор на нов шеф на Јавното обвинителство влегува во клучна фаза. Советот на јавни обвинители веќе ѝ доставил на Владата позитивно мислење за четворица од вкупно пет пријавени кандидати, но, според премиерот, записникот сè уште не е формално пристигнат.

Мицкоски посочи дека конечниот став ќе биде соопштен откако Владата ќе ги разгледа официјалните документи. „Не можам да изнесувам лични ставови без увид во записникот“, рече тој, потенцирајќи дека од четирите имиња што добиле поддршка од Советот, три остануваат опција.

Ристоска моментално работи како обвинителка во ОЈО Скопје, а претходно беше дел од Специјално јавно обвинителство. Таа и натаму застапува предмети поврзани со поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

На почетокот на месецот, обвинителката јавно изрази очекување дека ќе ја добие функцијата, наведувајќи дека се пријавила затоа што верува дека може да понуди професионален квалитет, а не за да предизвикува политички тензии.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Израелски и македонски хирурзи извршија 16 операции за повредените во трагедијата во Кочани

05.11.2026

Мицкоски за „Алта банка“: Штедачите ќе бидат обесштетени до последниот денар – Можни се 2 сценарија за надминување на состојбата

05.11.2026

Почна исплатата на социјалната помош и детскиот додаток

05.11.2026

Мицкоски: Европската комисија потврди – нема назадување, туку напредок, овој извештај е подобар од ланскиот

05.11.2026

МВР и ДЕА помогнале во заплена на над 300 килограми кокаин во Германија

05.11.2026

ЖРСМ Инфраструктура: Работиме на надминување на проблемите наследени од недомаќинското работење во минатото

05.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Младите ги надминаа постарите по заработка – што стои зад неочекуваниот пресврт?

5 месеци ago

ВЛЕН: Глорификацијата на воени злосторници е неприфатлива, бараме итна одговорност

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Еврото зајакнува четврти ден по ред во однос на доларот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп за 6 ноември: Вагите пред романтично изненадување, а Биковите да не брзаат со купување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Black Friday: Како да препознаете вистински попуст зад прецртаната цена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Телефоните поскапеа за околу 20 отсто, а продажбата падна за една петтина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за врсничкото насилство во Тетово: Одговорност треба да има и за напаѓачите и за родителите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.