Панични сцени утринава во Абу Даби откако по нападите врз американски воени цели во Обединетите Арапски Емирати, дел од населението панично бега по улиците и започна да се движи кон најблиските засолништа.
Сведоци јавуваат за брза евакуација од делови на градот, зголемено присуство на безбедносни сили и итни служби, како и прекин на сообраќајот во некои урбани зони. Граѓаните биле повикани да останат во затворени простории и да ги следат упатствата на властите.
Нападот врз американските бази во регионот претставува сериозна ескалација на конфликтот на Блискиот Исток и ја зголемува безбедносната закана за земјите од Персискиот Залив.
Засега нема официјални податоци за жртви, додека ситуацијата на терен е под контрола на безбедносните служби.
Вл
астите апелираат до граѓаните да останат смирени и да се упатат кон засолништа доколку се активираат сирените за опасност.














