недела, јуни 28, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Разоткриена шема на измами со лажни сообраќајки: Апел до граѓаните да не наседнуваат

by Redakcija
09.03.2026
in Црна Хроника

Основното јавно обвинителство Битола со координација на дејствија на Истражниот центар во тоа обвинителство и на СВР Битола откри разработена шема на измами на граѓани со лажни сообраќајни несреќи, преку која на подрачјето на ОЈО Битола во последните 2-3 месеци биле измамени над десет граѓани од кои биле извлечени вкупно над 60.000 евра и други вредни предмети. Бројот на вакви настани особено се зголемува од почетокот на февруари, од кога се евидентирани веќе шест слични случаи.

Во сите предмети начинот на извршување е сличен – оштетени се обично повозрасни лица кои добиваат телефонски повик дека некое ним блиско лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа и дека итно се потребни пари за сложена операција. Втората верзија на лажни факти која измамниците им ја претставуваат на дел од оштетените е дека нивен близок предизвикал сообраќајна несреќа со тешки последици и дека парите се потребни за да се избегне затворска казна.

Доведени во заблуда и исплашени за своите блиски, оштетените се согласуваат лично на рака да исплатат различни суми пари – од неколку десетици илјади денари до над 20.000 евра, златен накит и вредни предмети. Парите ги предаваат на различни локации во Битола, на лица кои претходно, преку оглас на Фејсбук, биле ангажирани за работа. До овој момент, Основното јавно обвинителство Битола има поднесено обвинение против четири вакви лица кои се гонат како соизвршители во измамите и директно ги преземале парите од измамените граѓани.

Според сознанијата на истрагата, парите потоа се пренесуваат и се предаваат кај засега непознато лице во Бугарија. Она што ги поврзува случаите се и телефонски броеви од Романија кои се употребени во сите овие настани за контакт со оштетените.

Од тие причини, Основното јавно обвинителство Битола упати и барање за меѓународна правна помош до органите на овие држави со цел преземање дејствија за откривање на сторителите.

Во меѓувреме, истражните органи апелираат граѓаните да не потпаѓаат на вакви измами и да не се согласуваат на исплата на парични средства “на рака” на лица кои воопшто не ги познаваат.

…

Related Posts

Тетовец измамен за 3.400 евра: Лажна професорка барала пари за лекување на „ќерката“ во Франција

28.06.2026

НАЈНОВА ВЕСТ: 48-годишна жена од Скопје пронајдена мртва, мажот што ја пријавил за исчезната е осомничен за убиство

28.06.2026

Скопјанка дивеела во тетовската болница

27.06.2026

Пијан возач во Охрид удрил во шест паркирани автомобили

27.06.2026

Во Македонија потврден прв случај на денга треска, пациентот е во стабилна состојба

27.06.2026

Платил 1.200 евра да добие возачка дозвола

27.06.2026

Препорачани Вести

Падна уште еден американски авион во Иран

Падна уште еден американски авион во Иран

3 месеци ago
ЕУ бара европска алтернатива на американските социјални мрежи: Повик за развој на домашни платформи

ЕУ бара европска алтернатива на американските социјални мрежи: Повик за развој на домашни платформи

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Не ги игнорирајте овие симптоми: Топлотниот удар може да биде смртоносен ако не реагирате навреме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовец измамен за 3.400 евра: Лажна професорка барала пари за лекување на „ќерката“ во Франција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пеколни температури во Полска: Во Варшава испржија јајце на сонце – ВИДЕО

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Несекојдневна глетка во Кина: Блогер му постави клима-уред на своето куче и го воодушеви интернетот (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Европа во пекол: Речиси 1.000 жртви од екстремните горештини во Франција, жешкиот бран се шири низ континентот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.