сабота, мај 2, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

„0% камата“, но со скриени трошоци: Министерството за финансии откри измамнички реклами кај кредитните компании

by Simovski
11.03.2026
in Економија

Министерството за финансии откри серија сериозни неправилности во работењето на финансиските друштва, со особено внимание на начинот на кој се рекламираат нивните услуги. Инспекциските проверки покажале дека некои компании нуделе кредити со наводни „0% камата“, додека во реалноста договорите со клиентите содржеле скриени или дополнителни трошоци.

Покрај тоа, надзорот открил дека дел од финансиските друштва пласирале реклами под различни брендови, без јасно да се наведе кое друштво стои зад понудата. Некои компании дури користеле повеќе веб-страници и различни називи во своите деловни простории, кои не одговарале на официјалниот назив регистриран во дозволата за работа.

Министерството веднаш им наложило на компаниите да ги отстранат сите реклами и натписи што можат да ја доведат јавноста во заблуда. Во спротивно, најавено е дека ќе бидат преземени сите достапни законски мерки за заштита на граѓаните.

Од министерството нагласуваат дека секое финансиско друштво е задолжено да го користи единствениот официјален назив од дозволата за работа и да има само една веб-страница на која јасно ќе биде идентификувано.

Законот за заштита на потрошувачите гласи дека трговската практика се смета за измамничка ако не ги обезбедува сите клучни информации кои се неопходни за потрошувачот да донесе информирана и осмислена одлука.

Related Posts

Продолжен попустот на горивата до 18 мај – дизелот поевтинува за 3 денари, бензините за 2

01.05.2026

Вкупен неделен промет од 54.887.415 денари, поддржан и од блок-трансакција со УНИ Банка (UNI)

01.05.2026

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ

30.04.2026

Остварени резултати на ОКТА во првиот квартал од 2026 година

30.04.2026

Вкупен промет од 17.800.787 денари, при што сесијата беше доминантно поддржана од тргување со перпетуални обврзници на УНИ Банка

30.04.2026

Започна исплатата на априлските пензии

30.04.2026

Препорачани Вести

Закани со пиштол во Тетовско – Полицијата реагирала

3 месеци ago

Жена од Филипини пријави физички напад во Тетовско

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Телемедицина во Македонија: Лекари од дијаспората влегуваат во системот – ќе се лечиме онлајн, пилот-проектот веќе работи во Дебар и Делчево

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Техеран со закана за „невидени мерки“ по одбивањето на Трамп – Ормутскиот теснец во фокусот на нова геополитичка игра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Бизарна сообраќана несррќа во Бразил: мототаксист удри во дрвена греда што ја носел велосипедист – па се заби во паркирано возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Српските туристи летово со полесен влез во Грција: се суспендира примената на EES системот – мерката не важи за Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Семејното насилство во државава ескалира: приведени лица во повеќе градови – МВР со детали за случаите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.