понеделник, јуни 15, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Мобилната единица на полицијата во акција – Ова се деталите

by Redakcija
13.03.2026
in Црна Хроника

Вчера изречени 57 санкции во акциска контрола на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во Струга, лишено од слобода едно лице, одземено возило

Во текот на вчерашниот ден (12.03.2026 година) во периодот од 14:00 до 21:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на СВР Охрид – ОВР Струга со цел санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата изречени се вкупно 57 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив четири за измината важност на сообраќајната дозвола, една мерка за управување на моторно возило со несоодветна категорија, три мерки за неизвршен вонреден технички преглед на возила кои вршат јавен превоз на патници, една мерка за возач кој врши јавен превоз на патници без лекарско уверение, седум мерки за товарни моторни возила во однос на претовар на товар, вонреден превоз и некористење на церада, пет мерки за непоседување на задолжителна опрема во возило, две мерки за користење на мобилен телефон, две мерки за неисправни светлосно сигнални уреди и 21 мерка за останати прекршоци. Поднесени се и 11 барања за поведување на прекршочна постапка за правни и одговорни лица.
Едно лице е лишено од слобода за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, односно без возачка дозвола и одземено е едно возило поради изминат рок на важност на сообраќајната дозвола повеќе од шест месеци.

За сите сторители на сообраќајни прекршоци изготвени се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредниот период. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Само со одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Related Posts

Бегство, потера и напад врз полиција: Уапсен 18-годишник по хаосот од Василево до Богданци

14.06.2026

Дивеел со 244 км/час на автопат: Полицијата го лиши од слобода и му го одзеде БМВ-то на 21-годишник од Батинци

14.06.2026

ДРОГА НА СЕКОЈ ЧЕКОР: 12 ЛИЦА УАПСЕНИ ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА, ОХРИД И СКОПЈЕ

14.06.2026

(ВИДЕО) ТРАГЕДИЈА ВО БРАЗИЛ: Ја турнаа од мост висок 40 метри, а заборавија да ѝ го прикачат банџи-јажето

13.06.2026

МАФИЈАШКО КИДНАПИРАЊЕ ВО КАРПОШ: Скопјанец претепан однесен во Шишево среде бел ден

13.06.2026

Фатен на дело и уапсен 25-годишниот штипјанец кој подметнуваше пожар на магистралата Штип – Кочани

13.06.2026

Препорачани Вести

Инцидент во Гази Баба: Фрлен молотов коктел пред објект, нема повредени лица

2 месеци ago

Семејна драма во Штип – Син го претепал родениот татко

2 месеци ago

Популарни Вести

  • (ФОТО) ТРАМП ЈА ОБЈАВИ ИСТОРИСКАТА ВЕСТ: „Договорот со Иран е завршен“ – се отвора Ормутскиот теснец, се укинува поморската блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Невреме ја погоди Хрватска: Ветер однесе покрив од училиште, поплавени улици и црвен аларм поради опасни налети

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски најавува градежна офанзива: Силни економски врски со Турција и милионски инвестиции во инфраструктурата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Најкул тепачка на интернет: Комшии се степаа, па завршија како сцена од „Титаник“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бегство, потера и напад врз полиција: Уапсен 18-годишник по хаосот од Василево до Богданци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.