недела, мај 10, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Коњановски: Меѓуопштинската соработка носи подобри комунални услуги

by Redakcija
18.03.2026
in Република

Во Охрид се одржа настанот „Денови на АДКОМ – Денови на комунални услуги“, организиран од Здружението на даватели на комунални услуги, кој ги собра претставниците на институциите, јавните комунални претпријатија, локалната самоуправа и меѓународни експерти за дискусија за предизвиците и реформите во комуналниот сектор.

На првиот панел на тема „Кластеризација на секторот за водни услуги – придобивки и предизвици“ се разгледуваа можностите за реорганизација на водниот сектор, подобрување на инфраструктурата и координацијата помеѓу институциите. Меѓу панелистите беа градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска.

Градоначалникот Коњановски говореше за искуствата на битолските јавни претпријатија и посочи дека примерот со меѓуопштинското претпријатие „Пелалинк“, кое опфаќа три општини, е успешен модел за окрупнување и соработка. „Општина Битола има осум јавни претпријатија… Ако тргнеме од ‘Пелалинк’, можам да кажам дека позитивни се искуствата и токму тука се случи тоа окрупнување, создавање на едно претпријатие за повеќе општини“, истакна тој.

Кластеризацијата се однесува на соработка помеѓу општините со цел да се подобри ефикасноста и одржливоста на водните услуги преку споделување инфраструктура, техничка експертиза и ресурси, при што се задржува локалната сопственост и одговорност. Меѓуопштинската соработка може да вклучува физичка интеграција на системи, заедничко управување на регионално ниво или споделување оперативни, финансиски и технички капацитети.

Втората панел-сесија се фокусираше на дефицитот на млади кадри во комуналниот сектор и можностите за нивно задржување, што се покажа како еден од главните предизвици за современото управување со комуналните услуги.

Градоначалникот Коњановски нагласи дека модерното управување со комуналните услуги е историски предизвик, при што соработка и кластеризација се неопходни за ефикасни и одржливи решенија.

…

Related Posts

ВРЕДИ СЕ ОБЕДИНИ ВО ЕДНА ПАРТИЈА: Историски политички пресврт на албанската сцена во Македонија

10.05.2026

Проданоски: „Топташ Родео 2026“ го позиционира Прилеп како центар за хард ендуро

09.05.2026

Коњановски: Битола станува центар за размена на ветеринарни знаења

09.05.2026

Проданоски: Младите во Прилеп покажаа хуманост и подготвеност за помош

09.05.2026

Димитровски: Над 20 спортски игралишта и 200 нови паркинг места за Битола

09.05.2026

Проданоски: Во „Диво Насеље“ Серафимоски го даде животот за Македонија

09.05.2026

Препорачани Вести

Најавена нова рунда мировни преговори помеѓу САД и Иран во Пакистан

Најавена нова рунда мировни преговори помеѓу САД и Иран во Пакистан

4 недели ago

Македонско друштво “Илинден“-Тирана потпиша Меморандум за соработка со Здружение “ВАРДАР-МКД“ од Подгорица, Црна Гора

1 месец ago

Популарни Вести

  • Инцидент пред Град Скопје: Пијани лица уринирале врз службено возило, па претепале комунален редар – завршил со скршен нос!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • LEGO стана златен рудник: Некои сетови денес вредат повеќе од злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тревога на Канарските Острови: Крузерот со епидемија на хантавирус пристигна кај Тенерифе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драма во Хрватска: Убиен шефот на крим полицијата во кафеана, напаѓачот потоа си пукал во глава пред сведоци!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРАН СЕ ЗАКАНИ СО ЖЕСТОК УДАР: Американските бази и бродови на Блискиот Исток стануваат мета ако продолжат нападите врз танкерите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.