петок, јули 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Касами предлага приватна фирма да управува со наплатата на водата во Тетово

by Redakcija
23.03.2026
in Македонија
Касами предлага приватна фирма да управува со наплатата на водата во Тетово

Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, јавно ја изнесе идејата дека наплатата на водоводните сметки треба да се довери на приватна фирма. Според него, моменталниот модел каде долговите се предаваат на извршители не е одржлив, особено во време на избори, кога неплаќачите би можеле да гласаат против актуелната власт. Тој ја образложи својата позиција на јавната расправа за физибилити студијата изработена од Градежен факултет, која нуди решенија за хроничните проблеми со водоснабдувањето во градот.

„Нашата администрација нема капацитет да ги собира долговите како што треба. Стануваме политички објекти, и за време на кампањи никој нема да се нафати да ги принуди граѓаните да платат. Ако се обидеме, ќе нè критикуваат дека ги даваме на извршители. Решението е воведување приватен партнер,“ изјави Касами.

Податоците на општината се алармантни: од 10 милиони кубици вода што годишно поминуваат низ системот, фактурирани се само 3 милиони, а од тие, најмногу 60% се и наплатуваат. Мрежата е стара и редовно има дефекти, оставувајќи го градот без вода за пиење, а општината нема средства за модернизација.

Физибилити студијата предлага целосна интервенција: инсталирање водомери, контрола на потрошувачката, редовно фактурирање и инкасирање на сметките, со помош на приватен партнер.

Сепак, граѓанските иницијативи се противат на ова решение. „За секој проблем се наоѓа решениe со поскапување на услугите. Вода е основно право, а не луксуз,“ изјави Елмедина Абдулахи од иницијативата „За подобро Тетово“. Таа предупредува дека давање на водата во приватни раце може да значи дека граѓаните ќе плаќаат повеќе, без разлика дали го заслужуваат тоа.

Правните експерти, исто така, го предупредуваат градот за законските ризици. Виктор Стојановски, магистер по граѓанско право, истакнува дека јавните услуги мора да третираат сите граѓани еднакво и дека водата како јавен ресурс не смее да се приватизира. „Обврска на секој јавен партнер е да обезбеди еднаков третман и да ги наплаќа сите според потрошената вода. Водата мора да остане јавен ресурс,“ нагласи Стојановски.

Related Posts

Дожд, грмежи и ветер над 50 км/ч: УХМР предупредува на ново невреме низ Македонија

24.07.2026

Македонија ги осуди нападите на Хутите и изрази солидарност со Саудиска Арабија

24.07.2026

Мицкоски: Владата ќе ги обештети граѓаните кои претрпеа штета од невремето во Скопје

23.07.2026

Полицијата почна со казни за електрични тротинети

23.07.2026

На ГП „Богородица“ се чека околу 15 минути за излез од државата

23.07.2026

ВЛЕН: Каде исчезнаа 7 милиони евра од швајцарската донација за водоснабдувањето во Гостивар?

23.07.2026

Препорачани Вести

Повеќе делови од Скопје утре ќе останат без електрична енергија

2 месеци ago

Дали ќе поскапуваат становите во 2026?

7 месеци ago

Популарни Вести

  • По 10 години затвор за тројцата кавадарчани кои до смрт претепаа маж пред казино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млади момци глумеле полицајци во Штип

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кавадарчанец падна во полициска стапица – кај него пронајдени 2.000 евра од измама

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Не сакаме да ни промовира сатанизам“: Се појави петиција против концертот на Карлеуша во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дожд, грмежи и ветер над 50 км/ч: УХМР предупредува на ново невреме низ Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.