петок, ноември 6, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Нов пресврт! Трамп ги одложи ударите по разговорот со Иран, но другата страна тврди дека тоа не е вистинската причина

by Redakcija
23.03.2026
in Свет
Ракетните напади ги елиминираа потенцијалните наследници на Хамнеи, тврди Трамп

Извор: Дневник.хр

Во неделата на својот профил на социјалната мрежа Truth Social, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Вашингтон и Техеран воделе преговори со цел да го деескалираат растечкиот конфликт на Блискиот исток. Во постот тој истакна дека разговорите биле „многу добри и продуктивни“, што го навело да ја одложи предвидената воена акција против иранската енергетска мрежа.

Трамп, кој претходно и’ постави на Иран ултиматум за 48 часа да се повлече од „непријателствата“, сега соопшти дека ги стопира планираните удари врз електраните и другите клучни енергетски објекти за период од пет дена. Како што наведе, одлуката зависи од текот и резултатите од продолжените дискусии што ќе се одвиваат во следните денови.

„Со големо задоволство можам да известам дека Соединетите Американски Држави и Иран во последните два дена водеа сериозни и конструктивни разговори со цел да се најде целосно решение на нашите разлики на Блискиот исток“, напиша Трамп, порачувајќи дека Министерството за одбрана е инструирано да одложи какви било воени акции додека преговорите се во тек.

Од Техеран, иранските медиуми објавија дека Трамп се повлекол од заканите за напад врз енергетските постројки, откако, како што тврдат, Техеран упатил „цврсти предупредувања“. Иранското амбасадорство во Кабул, преку социјалните мрежи, соопшти дека Вашингтон ја преиначил својата одлука по ирански закани дека ќе бидат погодени енергетските објекти низ целиот регион.

Повикувајќи се на свои извори, иранската новинска агенција Fars, објави дека, според нивните информации, не постоела директна комуникација меѓу Техеран и Вашингтон, ниту директно, ниту преку посредници, за разлика од американската процена за „детални и конструктивни разговори“.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Пропадна договорот меѓу Трамп и Путин?

05.11.2026

Зошто ЕУ советува да чуваме храна и вода за 72 часа? Што стои зад препораката на Брисел

05.11.2026
CNN: Трамп ги губи нервите, враќањето кон војна станува сè поверојатно

Можат ли сега демократите да го сменат Трамп?

04.11.2026

ЕУ објави упатства за граѓаните: Подгответе залихи и торба за три дена

04.11.2026

Дебакл на републиканците на изборите. Венс: Вистинската причина за поразот им е очигледна на речиси сите

04.11.2026

„Никој не очекуваше вакви бројки“: Што го чека Трамп по победата на демократите?

04.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Откриено колку кафе дневно е безбедно за срцето: Важен е и начинот на подготовка

3 месеци ago

Минусни утрински температури, па нагло затоплување – денес времето ќе ве изненади повеќе од што мислите!

8 месеци ago

Популарни Вести

  • „Охридско лето“ со три бесплатни концерти во Скопје и Охрид: Познати се датумите и изведувачите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Можни прекини во банкарските плаќања викендов: Проверете го известувањето од вашата банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позајмил пари за лекување на сопругата – Позајмици, закани и фиктивни договори, се бара притворза тројца

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од понеделник се менува начинот на плаќање во Банките: Што треба да знаат граѓаните и фирмите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.