недела, мај 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Коњановски: Нови спортски игралишта за подобри услови на учениците во ОУ „Даме Груев“

by Redakcija
25.03.2026
in Република, Топ Вести

Со почетокот на новата градежна сезона, започна изградбата на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“, проект кој се реализира во рамки на вториот владин повик преку Министерството за образование и наука.

Локацијата денеска ја посетија градоначалникот на Битола Тони Коњановски, претседателот на Советот Бојан Бојкоски и секретарот на општината Борче Димитровски, кои од надлежните добија информации за текот и динамиката на градежните работи.

Проектот опфаќа изградба на отворени повеќенаменски игралишта во училишниот двор, со терени за ракомет, кошарка и одбојка, со вкупна површина од 1.311 метри квадратни. Предвидено е поставување тартан подлога со дебелина од 13 милиметри, додека вкупната асфалтна површина ќе изнесува 2.081 метри квадратни.

Дополнително, ќе се уреди пешачка патека со бехатон на површина од 294 метри квадратни, ќе се асфалтира пристапниот дел до игралиштата, ќе се обезбеди паркинг простор, хортикултурно уредување и поставување урбана опрема.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 15.507.414 денари.

Со реализацијата на овој проект, ОУ „Даме Груев“ се приклучува кон училиштата кои добиваат нови и современи спортски терени, во насока на обезбедување подобри услови за спорт и рекреација на учениците.

…

Related Posts

Клиничката болница Тетово со реакција за инцидентот од вчера

30.05.2026

БИТОЛА УШТЕ ЕДНАШ БЕШЕ СВЕТСКИ ЦЕНТАР НА ДЕТСКАТА УМЕТНОСТ: Заврши 45. „Мал битолски Монмартр“

30.05.2026

Коњановски: Се преземаат мерки по нападот од мечка врз стадо во Крклино

30.05.2026
benzin

Од вторник големо намалување на дизелот

30.05.2026

ВИДЕО – Коњановски: Битола станува вистински велоград

30.05.2026

Водовод – Битола: Саниран дефектот кај Спортската сала

29.05.2026

Препорачани Вести

ВИДЕО – МАСОВНИ ВОЗДУШНИ НАПАДИ: САД и Израел го погодиле аеродромот „Мехрабад“ во Техеран

3 месеци ago

(ВИДЕО) Израелски војник уништи кип на Исус во Либан: започната истрага, расте тензијата

1 месец ago

Популарни Вести

  • Под дејство на дрога и со опасен маневар предизвикал трагедија: Притвор побаран за возачот кој усмрти 19-годишен моторџија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Центарот за македонски јазик од Летин бара поддршка за судската битка пред Врховниот суд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претрес во Тетово: Откриени пиштол и муниција, поднесена кривична пријава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ПСЖ е шампион на Европа! Французите го совладаа Арсенал по пенали во драматично финале

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САД го тргнаа бугарскиот бизнисмен Александар Манолев од црната листа, повторно може да патува во Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.