среда, јули 15, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Скопје

Дефект на автобус на ЈСП предизвика метеж во Бутел

by Redakcija
25.03.2026
in Скопје
Дефект на автобус на ЈСП предизвика метеж во Бутел

Утринскиот сообраќаен шпиц во Бутел денеска беше дополнително отежнат откако уште еден двокатен автобус на ЈСП излезе од функција и ја блокираше крајната десна лента на булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“.

Возилото остана заглавено во близина на автобуската постојка кај поранешната Албанска амбасада, принудувајќи ги возачите да маневрираат и да го заобиколуваат токму во најгустата фреквенција на сообраќајот.

Овие автобуси, кои беа дел од големата набавка реализирана во 2010 година преку договор со кинескиот производител „Zhengzhou Yutong Group“, пристигнуваа во Скопје во периодот од 2011 до 2013 година. Иако некогаш симбол на модернизацијата на јавниот превоз, денес сè почесто се причина за застои и проблеми.

Во изминатите години, дефектите станаа речиси секојдневие, а дел од автобусите редовно се повлекуваат од сообраќај поради недостиг на резервни делови. Дополнително загрижува фактот што не се ретки ниту инцидентите со нивно палење на улица, што уште повеќе ја отвора дилемата за нивната безбедност и одржливост.

Related Posts

Без струја утре неколки скопски населби

14.07.2026

Дел од Скопје утре ќе остане без електрична енергија

13.07.2026

Меџити: Чаир добива свој музички фестивал, културата е инвестиција во идентитетот

13.07.2026
Голем дефект кај ОХИС остави повеќе скопски населби без вода

Голем дефект кај ОХИС остави повеќе скопски населби без вода

12.07.2026
Небото се отвори над Скопје: Пороен дожд, силни грмежи и ветер го погодија градот

Небото се отвори над Скопје: Пороен дожд, силни грмежи и ветер го погодија градот

12.07.2026

Мечка забележана на Водно: Планинарите повикуваат на зголемена претпазливост

11.07.2026

Препорачани Вести

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на отворањето на шест нови, реконструирани операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на отворањето на шест нови, реконструирани операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

3 месеци ago
Ердоган: Турција сака да остане подалеку од воените конфликти

Се огласи и Ердоган за преговорите меѓу САД и Иран

3 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО: Рускиот воздушен удар со ФАБ-3000 снимен на камера: Огромна експлозија на фронтот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Само најбогатите ќе бидат на трибините – Рекордна цена на билетите за завршницата на СП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Саудиска Арабија повторно удри во Јемен, Хутите предупредуваат на одговор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетово: Жена со „опел корса“ удрила во „ауди“ и избегала, повреден 20-годишник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја утре неколки скопски населби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.