Connect with us

Инфо +

Избеган пациент од модуларната болница во Штип пронајден мртов после еден час

Published

on

Мистериозно исчезнал и уште помистериозно починал Ковид пациент од штипската клиничка болница. Доцна синоќа, половина час пред полноќ, 75 годишен пациент од Пробиштип, кој бил хоспитализиран во модуларната болница, избегал од установата, а еден час подоцна бил пронајден мртов  од случаен минувач во близина на средното медицинско училиште „Јане Сандански“ лоцирано во непосредна близина. Полицијата веднаш пристигнала на лице место и извршила увид. Од СВР – Штип информираат дека обдукцискиот наод покажал дека нема траги од насилство, а веројатна причина за смртта е белодробна пневмонија.

Директорот на штипска Клиничка, Ален Георгијев, вели дека главниот влез во модуларната болница е постојано под клуч, но пациентот избегал преку задниот влез, од каде се носат пациентите. Формирана е Комисија за квалитет која ќе го истражи случајот, а извештајот ќе биде доставен до Дисциплинската комисија и доколку се утврдат пропусти, ќе следуваат санкции за дежурните медицинари кои биле во болницата- стенд ап

Ова е втор инцидент во штипскиот Ковид центар. Пред еден месец пациент на Инфективното одделение проба да си го одземе животот скокајќи од вториот спрат, но за среќа помина само со скршеници.

Македонија

Упатил закани со огнено оружје, па при претрес на неговиот дом најдени пиштоли и куршуми

Published

on

Жител на Тетово бил уапсен вчера, откако претходно при расправија се заканувал со огнено оружје. При претрес на неговиот дом, полицајците нашле пиштол „ЦЗ“ и колекционерски кубур, соопшти МВР.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А (51) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 25.07.2024, пријавениот упатувал закани со огнено оружје кон едно лице, а при претрес во неговиот дом и други простории, полициски службеници пронашле и одзеле пиштол „Црвена застава“, калибар 7,62, две рамки за огнено оружје и 46 куршуми калибар 7,62 мм и пиштол кубура (колекционерско оружје)“, пишува во полицискиот билтен.

Continue Reading

Македонија

Вкупно 12 жени уапсени во угостителски објект

Published

on

Повторно полициска контрола во угостителски објект во Гостивар. Уапсени се 12 жени.

– На 30.12.2024 во периодот од 00.00 до 01.10 часот, полициски службеници при ОВР Гостивар, во содејство со полициски службеници од СВР Тетово, спровеле акциска контрола во угостителски објект на улица „Илинденска“ во Гостивар, сопственост на Ј.А.(48) од Гостивар. При контролата во објектот биле затекнати 12 женски лица, од кои пет (четири од Република Србија и една од Република Албанија) го злоупотребиле туристичкиот престој. Тие биле приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, по што против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопштија од полицијата. 

Continue Reading

Македонија

Крадец нападнал полицаец во Скопје

Published

on

На 29.12.2024 во 10.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.А.(26) од Скопје.

Тој бил баран поради сомнение дека сторил повеќе кривични дела од областа на имотните деликти, а при негово приведување физички нападнал полициски службеник, а се обидел и да го нападне со остар предмет, но бил спречен од другите полициски службеници. 

По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк