сабота, октомври 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Доктор во државна болница во Македонија заработил 700 илјади денари за еден месец

by Redakcija
27.03.2026
in Македонија

Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција откри дека лекар вработен во јавното здравство добил месечна исплата од 700 илјади денари, но не откри детали за неговиот идентитет ниту за установата во која работи.

Тој посочи дека институциите се веќе запознаени со случајот и најави дека ќе се постапува институционално, без да се загрози системот. Не ја исклучи можноста за кривична одговорност, доколку се утврдат неправилности.

Алиу најави воведување на систем за евиденција на присуство на работа со отпечаток од прст, кој веќе се тестира во две клиники во Скопје, а потоа ќе се прошири и во останатите здравствени установи. Целта е подобра контрола на работните обврски и поефикасно функционирање на системот.

Министерот укажа на големи разлики во ангажманот на лекарите, наведувајќи дека некои прегледуваат само еден пациент неделно, додека други достигнуваат и до 100 пациенти. Дополнително, информира дека во седум клиники е утврдено дека дополнителната дејност се извршувала над дозволеното, односно до 41 процент, иако законскиот максимум е 20 проценти.

Како пример за нерамномерност, Алиу посочи дека двајца специјалисти од иста област имале значителна разлика во бројот на операции – едниот извршил 1.134, а другиот 470, додека во внатрешноста имало лекари кои во текот на 2025 година не извршиле ниту една операција.

Исто така, биле забележани разлики и кај реализираните упати – еден лекар имал над 16.500 во период од шест месеци, додека друг нешто над 7.300, што отвора сомнежи за функционирањето на системот.

Министерството ќе побара и податоци за ангажманот на лекарите во приватните здравствени установи, со цел да се утврди колку време поминуваат надвор од јавниот сектор.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно изјави дека постојат случаи каде што лекари преку дежурства и додатоци достигнувале месечни примања од околу 10 илјади евра, што дополнително ја отвора дебатата за потребата од реформи во здравствениот систем.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Мицкоски: Силна Брвеница се гради со исполнети ветувања и партнерство со граѓаните

24.10.2026

Значаен духовен настан за Македонија: Молебен за Свети Еразмо Охридски во Ватикан

24.10.2026

Што криел еден од најбогатите гробови во Охтидско?

24.10.2026
Летното сметање започнува: Ефектите на сезонското поместување на часовникот

Подолга ноќ, порано стемнување: Почнува зимското сметање на времето

24.10.2026

Милошоски: Македонија ги зацврстува стратешките врски со САД и ја потврдува усогласеноста со ЕУ

24.10.2026

Мицкоски: „Свои на своето!“ – со корен во минатото и со верба во иднината

24.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

60.000 Руси веќе се преселиле: Новата земја станува нивна „мала Русија“

3 недели ago

Скопје: Кривична пријава против четири малолетнички за насилство врз 13-годишно девојче

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Архивите бележат 405 иселени семејства од Пиринска Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Потрага по злато заврши со апсење на повеќе лица во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Инцидент во скопско казино: Млад вработен пријавил закани и обид за напад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тотален хаос во Тирана: Се каменуваат и палат министерства

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фалсификувани евра сошиени во јакна: 19-годишен македонски државјанин останува во притвор во Бугарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.