среда, септември 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Советот на јавни обвинители ја укина суспензијата: Цветановски се враќа на работа, предметот за Хајрулахи укинат

by Redakcija
31.03.2026
in Македонија

Обвинителот Јован Цветановски се враќа на својата функција, откако Советот на јавни обвинители едногласно ја укина неговата суспензија и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување. На истата седница, Советот го прекина дисциплинскиот предмет против поранешниот виш јавен обвинител Мустафа Хајрулахи, поради тоа што тој претходно поднел барање за престанок на функцијата.

Претседателот на Советот, Башким Бесими, по седницата изјави дека при разгледувањето на жалбите биле утврдени пропусти во постапката на Првостепената комисија во предметот за Цветановски.

„Како Совет не можеме да ги исправиме тие пропусти, бидејќи тоа не е во наша надлежност. Затоа предметот го враќаме на повторно одлучување со конкретни насоки, по што Комисијата ќе донесе нова одлука“, изјави Бесими.

Тој појасни дека укинувањето на суспензијата значи и враќање на обвинителот на работа.

„Во решението беа констатирани повеќе пропусти, што создаде основа за укинување на суспензијата. Со тоа обвинителот се враќа на својата функција“, додаде Бесими.

Цветановски, кој беше јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, во јавноста стана познат по неговата улога во предметот поврзан со бонусите во поранешното Специјално јавно обвинителство. Тој тврдеше дека суспензијата е резултат на притисоци и обид за дискредитација, бидејќи одбил да донесе, како што наведе, незаконска одлука.

На седницата беше разгледан и случајот со Мустафа Хајрулахи, за кого Советот констатираше дека поради поднесено барање за престанок на функцијата, дисциплинската постапка се прекинува.

Воедно, Советот ја одби иницијативата на обвинителката Ленче Ристоска, која тврдеше дека е изложена на политички притисоци. Според оценката, не биле утврдени конкретни дејства што би укажувале на надворешно влијание врз нејзината работа или нарушување на нејзината независност.

Советот донесе и одлуки за распишување огласи за избор на јавни обвинители во повеќе обвинителства низ државата, меѓу кои во Ресен, Крива Паланка, Кочани, како и во вишите јавни обвинителства во Битола и Скопје. Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески упати апел за поголема заинтересираност и пријавување на огласите, со цел зајакнување на капацитетите во обвинителството.

Related Posts

ЕВН: Набавката на броила е спроведена согласно законските прописи и однапред утврдените критериуми

22.09.2026

МАКЕДОНИЈА ДОБИВА 140 МИЛИОНИ ЕВРА – успешно спроведени реформски проекти

22.09.2026

Андоновски: Преку м.Услуги граѓаните ќе пристапуваат до своите документи директно од мобилен телефон

22.09.2026

Мицкоски на самитот „Конкордија“ во Њујорк: Македонија останува на европскиот пат, ги браниме идентитетот и државните интереси

22.09.2026

Нови правила за течности во авионите: Што смеете да внесете во рачниот багаж од Скопје?

22.09.2026

БОЖИНОВСКА: СДСМ, ПОКАЖЕТЕ ГО ДОКАЗОТ ИЛИ ПОВЛЕЧЕТЕ ГИ ЛАГИТЕ – ПОЛИТИЧКАТА БОРБА НЕ Е ЛИЦЕНЦА ЗА КЛЕВЕТЕЊЕ

22.09.2026

Препорачани Вести

Полицијата во Тетово одзеде „порше“ – Ова се причините

8 месеци ago

Истрага во тек: Центарот за социјални работи Тетово откри сомнителен случај со новороденче

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Холанѓанец и Шпанец приведени по напад врз 33-годишен арачиновец во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САД, Данска и Гренланд потпишаа нов безбедносен договор за Арктикот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕВН: Набавката на броила е спроведена согласно законските прописи и однапред утврдените критериуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Литванија ја отвора вратата за нуклеарно оружје: Историски чекор на парламентот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитриеска-Кочоска: Македонија е дел од глобалниот дијалог за економскиот раст

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.