На преполн домашен стадион, репрезентацијата на Босна и Херцеговина испиша ново поглавје во својата фудбалска приказна, откако по драматична пенал-рулет елиминираше голем фаворит како Италија и обезбеди место на Светското првенство.
Херојската партија на избраниците на селекторот Барбарез ја крена на нозе целата нација. Напнатоста кулминираше во пенал-серијата, каде што нервите беа посилни од притисокот, а сонот стана реалност.
Еуфоријата експлодираше веднаш по последниот удар, улиците се исполнија со навивачи, знамиња и песни. Славењето не стивнуваше, туку се претвори во ноќ за паметење, која траеше до раните утрински часови, обединувајќи ја земјата во радост и гордост.
ВИДЕОТО ОД ПРОСЛАВАТА МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА












