Connect with us

Инфо +

„Пораката од Заев до Пауновски е јас сум те поставил, јас ќе ти кажам што ќе правиш“

Published

on

Пораката од Заев до Стојко Пауновски е јас сум те ставил, јас ќе ти кажам што ќе правиш. Ставањето на функционер не значи дека тој ќе биде ваш послушник, тој треба да има интегритет, доколку таа институција има скандали или проблеми, одговорен е тој човек, но не да се разрешува за невработување на луѓе кои смета дека не се потребни, рече во вечерашната дебата на ТВ 24 универзитетскиот професор и аналитичар Владимир Божиновски.

Сега и да не го сменат Пауновски штетата е направена, Заев ја направи штетата. Доколку именувате некој, тој треба да го оставите да си ја води институцијата, треба да му вршите контрола, но не да се меша, особено не во решенија за кои функционерот има против аргументи, вели Божиновски,

Дали ова е обид за дефокус или ќе има реални процеси како оној за Драги Рашковски, висок владин функционер, ќе треба да помине време за да видиме дали и каква завршница ќе има, од тоа ќе се знае дали имало старт на борба со корупцијата и криминалот, рече Божиновски.

Денеска Заев рече дека ги чул ставовите на инспекторите, и дека ќе ги презентира на Влада, која ќе донесе конечен став околу негово разрешување.

„Ги слушнав аргументите на инспекторите, нивните аргументи ќе ги презентираме на владата, и владата ќе донесе одлука за Пауновски. Јас ќе оставам Владата да одлучи. Да не излезе дека преку медиумите носиме одлука. Ќе ги кажам моите ставови, ставови на вработените во ДПИ, на Стојко Пауновски, ќе ги кажам сите аргументации на одговорно владеење. Секако дека согласно етичкиот кодекс имаме плеада на можности како да постапиме, но согласно и законските регулативи. Зборувам и за предлог за разрешување, и предлог на останување. Важно е да се почитува законот, одлуките, ефикасност во работењето и етички пристап во нашето делување. Ќе го кажам тоа на влада“, рече Заев кој одговори на новинарско прашање што биле аргументите на инспекторите утрово:

„Дека бил добар човек, го унапредил работењето на ДПИ и други аргументи“, рече Заев.

Македонија

Со дрон се бара телото на маж во Вардар, телата на трите жени се дадени на обдукција 

Published

on

На 02.01.2025 околу 16 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на локален пат Сарај-с.Рашче, патничко возило излетало од патот и паднало во реката Вардар. 

Веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници, Итната медицинска помош и јавен обвинител. Околу 21 часот полициски службеници од САЕ Тигар од водите на реката Вардар го извадиле возилото „ауди“ со скопски регистерски таблички, во кое биле пронајдени три починати женски лица Н.А.(23), В.А.(25) и З.А.(59) сите од с.Грчец, скопско.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција.

Во несреќата со телесни повреди се здобило четиригодишното дете-сопатник, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“, а се трага по А.А.(56) од с.Грчец,скопско, кој според исказ на роднини, бил во возилото пред да излета од патот.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а екипи на СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции со физичко пребарување и пребарување со два дрона од страна на САЕ Тигар и Единицата за брзо распоредување преземаат мерки и активности за пронаоѓање на лицето, соопштуваат од МВР.

Continue Reading

Македонија

Основното јавно обвинителство Тетово: Се бара притвор за таткото

Published

on

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 65-годишен тетовец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

При семејно насилство и по кратка меѓусебна расправија, осомничениот со истрел од ловна пушка која ја поседувал со дозвола, со умисла го лишил од живот сопствениот 39-годишен син, со кого живееле во истиот стан.

Куршумот ја погодил жртвата во градниот кош и тој веднаш починал, а осомничениот седел во станот со безживотното тело на починатиот додека не ги пронашле.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Continue Reading

Македонија

СВР Тетово со соопштение за семејната трагедија која го потресе Тетово

Published

on

Соопштение СВР Тетово 2 јануари 2025

Денеска (02.01.2025) околу 18.50 часот во Блок 70 во Тетово, во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата.

С.Н. живеел со неговиот татко, кој бил пронајден во бессознание и од Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово. Во просторијата каде бил пронајден С.Н., пронајдена е ловечка пушка.

По преземени мерки и активности за расчистување на случајот, во координација со јавен обвинител, утврдено е дека
се работи за кривично дело “убиство” сторено на 31.12.2024, каде по претходна физичка пресметка, М.Н. (65) со ловечка пушка го усмртил неговиот син С.Н.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк