вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Становите во Скопје забележуваат умерен раст од 16,7% во првиот квартал

by Redakcija
08.04.2026
in Економија
Становите во Скопје забележуваат умерен раст од 16,7% во првиот квартал

Скопскиот пазар на недвижности стартуваше годинава со забележителен раст на цените на становите, но темпото на поскапување благо се забави. Во првиот квартал, индексот на Народната банка покажува дека становите поскапеле за 16,7% на годишно ниво, додека квартално зголемувањето изнесува само 0,1%. За споредба, минатата година цените бележеа постојан раст, со 19,5% во првиот квартал, 19,9% во вториот, а потоа скок до 25% во третиот и четвртиот квартал.

Според последниот извештај на Агенцијата за катастар на недвижности, за 2026 година се очекува пазарот да остане стабилен со умерен раст, зголемен интерес за инвестиции и продолжување на растот на закупите.

Становите и понатаму доминираат на пазарот: минатата година тие сочинуваа 33% од сите купопродажби и 48% од вкупната пазарна вредност. И покрај намалувањето на бројот на продадени станови за 3,9%, нивната вкупна вредност пораснала за 10,8%, што укажува на поскапување и повисок квалитет на понудата.

Најголем интерес се бележи во општините Центар, Аеродром и Карпош, кои истовремено се и најскапи, со просечни цени од 1.692, 1.558 и 1.419 евра за квадратен метар. Најскапите недвижности минатата година го променија сопственикот: луксузен стан во Аеродром се продаде за 166.500 евра, куќа во Центар за 1,5 милион евра, додека највредниот деловен простор достигна цена од 6,8 милиони евра, исто така во Центар.

Related Posts

Дизелот поскапува од полноќ – Ова се новинте цени

21.09.2026

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,41 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

21.09.2026

Божиновска: Природата ни го подари богатството, институциите создаваат систем што ќе му даде вредност, заштита и препознатливост

21.09.2026

Рударство.мк: Европа ја зголемува побарувачката, нова можност за македонското рударство

21.09.2026

Пад на цените на нафтата на најниско ниво во последните десет дена

21.09.2026

Бензинот и дизелот во ЕУ најскапи во последните 20 години

19.09.2026

Препорачани Вести

Македонско друштво „Илинден“-Тирана упати честитка за Фитер Бајрам

6 месеци ago

(ВИДЕО) ХАОС НА КИК-БОКС ТУРНИР ВО НОВИ ПАЗАР: Над 50 лица влетаа во рингот по поразот на нивниот миленик Вахид Кичар и го нокаутираа грчкиот борец кој победи на мечот

7 месеци ago

Популарни Вести

  • БОЖИНОВСКА: СДСМ, ПОКАЖЕТЕ ГО ДОКАЗОТ ИЛИ ПОВЛЕЧЕТЕ ГИ ЛАГИТЕ – ПОЛИТИЧКАТА БОРБА НЕ Е ЛИЦЕНЦА ЗА КЛЕВЕТЕЊЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) НЕ МОЖЕА ДА ИЗБЕГААТ: Огромен товарен брод ги стигна среде море – ударот снимен од палубата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арктички студ се спушта кон Балканот: Следува нагло заладување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 22 СЕПТЕМВРИ: НОВИ ПОЧЕТОЦИ, ЉУБОВНИ ПРЕСРВТИ И ВАЖНИ ОДЛУКИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателот на „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, на средби со претставници на ФУЕН

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.