вторник, јуни 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

(ФОТО) Редок успех за природата: Фатена и следена рисицата „Благица“ – надеж за опстанокот на видот во Македонија

by Уредник
19.04.2026
in Магазин, Македонија, Топ Вести

Македонското еколошко друштво (МЕД) објави значајна и охрабрувачка вест за заштитата на дивиот свет, информирајќи дека пред десетина дена, во соработка со кичевското Здружение на ловци „Елен“, е успешно фатена рисица на планината Баба Сач. По повод празникот Благовец, животното го добило името Благица, а станува збор за здрава женка, стара околу 4 до 5 години и со тежина од 17 килограми.


Во рамки на акцијата, на терен бил вклучен и стручен тим од Ветеринарниот факултет во Скопје, при што ветеринар извршил детална проверка на здравствената состојба на рисицата. Биле направени анализи како земање крв и брисеви, како и проверка за присуство на крлежи и други потенцијални здравствени ризици, при што било утврдено дека Благица е во добра кондиција.


По поставувањето на околувратник, рисицата активно се следи, а досегашните податоци покажуваат дека се движи на подрачјето на планините Баба Сач и Илинска-Плакенска. Ова има посебно значење бидејќи станува збор за региони каде што досега никогаш не бил следен рис со методот на радиотелеметрија, што отвора нови можности за научно истражување и подобро разбирање на движењето на овој редок вид.


Во меѓувреме, ловџиите од здружението „Елен“ успеале да пронајдат и прв плен – срна, што е важен показател дека по интервенцијата и поставувањето на околувратникот, рисицата нормално функционира во своето природно живеалиште.


Екологистите нагласуваат дека следниот клучен чекор е да се утврди дали Благица ќе има принова, бидејќи тоа би имало огромно значење за опстанокот на рисот во Македонија. Женките, како што посочуваат, се особено важни за следење, бидејќи токму тие директно влијаат врз зголемувањето на популацијата и долгорочната заштита на овој загрозен вид.

Related Posts

Три пожари сè уште беснеат низ Македонија, службите на терен

23.06.2026

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на Буџетот обезбедува повеќе инвестиции и поддршка за граѓаните

23.06.2026

Стентон Градба го реализираше новиот индустриски капацитет на Brainchild во ТИРЗ Жабени – Битола

23.06.2026

Божиновска: Жените инженери се клучна сила во енергетската транзиција и развојот на државата

23.06.2026

ВЛЕН: 40 милиони евра за вработување и самовработување преку Планот Оперативен 2026

23.06.2026

Коњановски: Општина Битола и УКЛО по четврти пат организираат летна пракса за 40 студенти

23.06.2026

Препорачани Вести

Утринска магла потоа сонце: Еве какво време не очекува денес

4 месеци ago
Воведено континуирано собирање на кабаст отпад во Кисела Вода

Воведено континуирано собирање на кабаст отпад во Кисела Вода

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,53 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Три пожари сè уште беснеат низ Македонија, службите на терен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на Буџетот обезбедува повеќе инвестиции и поддршка за граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто сите зборуваат за партнерката на селекторот на Германија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Младите ги надминаа постарите по заработка – што стои зад неочекуваниот пресврт?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.