Претходно ќе биде преземен од аеродромот во Атина, каде висока грчка државно-црковна делегација ќе го донесе од Ерусалим. По пристигнувањето на Светиот оган на скопскиот аеродром, истиот ќе биде преземен од претставници на православните епархии, кои ќе го однесат во сите градови ширум државата.
Од комисијата за односи со верските заедници потсетуваат на апелите за задолжително придржување до мерките за заштита од коронавирусот, со особен акцент задолжително носење на заштитна маска во храмовите и надвор од нив.
Чудото на слегувањето на Светиот Оган во Ерусалим, кое се случува секоја година за време на една посебна православна служба на Велика Сабота на пладне, во последно време е многу актуелно во научните кругови поради ставовите со кои се негира неговиот натприроден карактер, односно веќе со векови сведоченото и до ден денес доживувано слегување на несоздадениот Благодатен Оган, кој го го пали кандилото на пресветиот Гроб, без човечка интервенција. Од тоа кандило Ерусалимскиот патријарх пали четири снопчиња по 33 свеќи и со нив им го дели Огнот на верниците што го очекуваат. Постојат дури и сведоштва дека истовремено со чудесното палење на кандилото на пресветиот Гроб, понекогаш се палат и други кандила, како и некои свеќи што ги држат поклониците.
Во библиографијата се забележани изјави од многу современи веродостојни сведоци кои го виделе Благодатниот Оган како следува. Дури постојат и видео записи со современи технички средства. Но ова чудо, кое се повторува секоја година, и понатаму е примано со сомнеж од страна на многу скептици, кои го порекнуваат, и воопшто негираат било какво чудо, сметајќи го за веродостојно само она што може научно и експериментално да се докаже, значи само оние опипливи и природни појави кои се подложни на испитување во научните лаборатории.
Значи веќе подолго време постои потреба од едно вакво историско преиспитување на чудото на Благодатниот Оган. Сите извори на импресивен начин и едногласно зборуваат за необичната светлина или оган која чудесно се спушта од небото пред очите на огромното тогаш присутно мнозинство народ. Оваа светлина се поистоветува со натприродната Светлина која заблескала на Христовиот Гроб во мигот на Воскресението.
Светиот Оган најверојатно прв пат се појавил на 5 април во 33 г. од н.е, точно во времето на Воскресението на Богочовекот, од полноќ на Велика Сабота па до неколку часа пред разденување на Воскресна Недела. И сè до денес, повеќе од два милениума истиот Оган и понатаму како молња слегува на Христовиот Гроб секоја Велика Сабота, неколку часа пред прославата на Неговото Воскресение.
Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, се обрати пред иселениците во Швајцарија, нагласувајќи ја загриженоста за состојбата со правата на Албанците во Северна Македонија. Во фокусот на неговиот говор беа прашањата за употребата на албанскиот јазик и легитимитетот на Владата во однос на албанскиот електорат.
„Мицкоски не може да формира влада без легитимитет од Албанците, затоа што ние освоивме над 60% од гласовите на албанскиот електорат,“ рече Ахмети, критикувајќи ја политиката на ВМРО-ДПМНЕ како националистичка и штетна за двете најголеми заедници во државата.
Ахмети потсети на преговорите во 2016 година, кога, според него, ВМРО-ДПМНЕ побарале поддршка за отстапување на Никола Груевски од премиерската функција.
„Им реков дека тие работи треба сами да ги решат. Три месеци водевме преговори,“ изјави тој.
Претседателот на ДУИ предупреди и за опасноста од руското влијание во земјата, подвлекувајќи дека единствена алтернатива за Северна Македонија е евроатлантскиот пат и силното партнерство со САД.
Ахмети ја критикуваше неконзистентноста на албанските политички опоненти, потсетувајќи дека постигнале договор за поддршка на уставните измени, кој подоцна бил негиран.
Јавното комунално претпријатие „Шар“ од Тетово информира дека дотокот на вода од новиот водоснабдителен систем е прекинат и ќе следуваат рестрикции во водоснабдувањето. Причина е заматеноста на водата што се презема од Лешничка Река.
– Поради неможноста да се пречисти водата во филтрите на филтрационата станица Лисец, поради високата заматеност како резултат на последните врнежи, принудени сме да го прекинеме снабдувањето со вода за пиење од линијата Лешница. Екипата на претпријатието од раните утрински часови е на терен и прави сè за да се надмине оваа ситуација -информираат од ЈКП „Шар“.
Рестрикциите на вода се започнати од 13:40 часот и ќе бидат на неопределено време.
Во Тетово водоснабдувањето се врши само со планинските извори и со градски бунари, чиј капацитет не е доволен за оптимално водоснабдување.
На 22.11.2024 во 13:30 часот во СВР Тетово 51 – годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен и оштетен за 36.500 евра од A.И. од Теарце, Л.Р. од Скопје , В.С. од Тетово, М.М.(58), П.Л.(56), и В.С.(30) тројцата од Р. Албанија, кои во текот на месец јануари 2024 година, му понудиле да инвестира во наводно многу профитабилен проект во Дубаи, но откако ги дал парите сфатил дека бил измамен.