Американските сили извршиле нова поморска акција во Индо-пацифичкиот регион, при што бил запленет бродот „М/Т Тифани“, соопшти Министерство за одбрана на САД. Според официјалните информации, рацијата била спроведена во текот на ноќта и поминала без инциденти.
Од Пентагон наведуваат дека станува збор за „брод без државјанство“, што значи дека не бил регистриран под знамето на ниту една призната држава или имал неважечка регистрација. Ваквите бродови често се поврзуваат со таканаречената „флота во сенка“, која се користи за заобиколување на меѓународните санкции, особено во транспортот на нафта и чувствителна опрема.
Американските сили ја искористиле меѓународната правна доктрина позната како „право на посета“, која дозволува проверка на сомнителни бродови на отворено море кога постои основано сомнение за нелегални активности.
Од Вашингтон испратија порака дека ќе продолжат со засилените контроли врз поморските рути, нагласувајќи дека меѓународните води не смеат да бидат засолниште за санкционирани субјекти и нелегални операции поврзани со Иран.
Оваа акција доаѓа само два дена по претходната интервенција во Омански Залив, кога американските специјални сили запленија ирански брод под сомнение дека превезува материјали со двојна намена, потенцијално поврзани со развој на балистички ракети.
Техеран остро реагираше на ваквите потези, оценувајќи ги како нелегални, додека САД тврдат дека станува збор за легитимни акции насочени кон спречување на нелегални мрежи и заштита на меѓународната безбедност.
Overnight, U.S. forces conducted a right-of-visit, maritime interdiction and boarding of the stateless sanctioned M/T Tifani without incident in the INDOPACOM area of responsibility.⁰⁰As we have made clear, we will pursue global maritime enforcement efforts to disrupt illicit… pic.twitter.com/EGwDe3dBI3
— Department of War 🇺🇸 (@DeptofWar) April 21, 2026
…












