Connect with us

Инфо +

Вработување во Армија, оглас за 200 војници

Published

on

Врз основа на член 31, 36, 39 и 40 од Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 36/10, 23/11, 47/11, 148/11, 55/12, 29/14, 33/15, 193/15 и 71/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19, 275/19 и 14/20), член 1 од Правилникот за начинот на спроведување на постапка за прием на кандидати за офицери, односно подофицери, професионални војници и цивилен персонал на служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.57/18), Министерството за одбрана на Република Северна Македонија, објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

1. За прием на 200 (двеста) професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Армијата) за работа на определено работно време со договор за вработување во времетраење од 4 (четири) години со можност за негово продолжување повеќе пати, но најмногу до навршување на 45 години возраст по избор согласно закон.

2. Кандидатите за прием на професионални војници на служба во Армијата од точка 1 на овој оглас треба да ги исполнуваат следните услови:
Општи услови:

  • да се државјани на Република Северна Македонија;
  • да се полнолетни и
  • да имаат посебна здравствена и физичка способност.

Посебни услови:

  • да имаат завршено средно образование;
  • да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.

3. Работното време е од 08,00 часот до 16,00 часот.

4. Платата изнесува над 25.000,00 денари, со дополнителни над 8.000,00 денари трошоци за станбено обезбедување по навршување на 4 години служба во Армијата.

5. Лицата кои се здравствено осигурани и ќе приложат потврда издадена од матичен лекар за поседување на општа здравствена способност кон пријавата за прием на кандидати за професионални војници на служба во Армијата, нема да подлежат на почетни проверки за поседување на општа здравствена способност.
Лицата кои не се здравствено осигурани и согласно тоа, не се во можност да достават потврда од матичен лекар за поседување на општа здравствена способност кон пријавата за прием на кандидати за професионални војници на служба во Армијата, ќе бидат испратени на проверка на општата здравствена способност на Институтот за физиологија при Клинички центар – Скопје.

6. Во постапката за избор, проверката на физичката и здравствената способност на кандидатите за професионални војници на служба во Армијата, ќе биде извршена од страна на посебни комисии формирани од министерката за одбрана.
Кандидатите ќе подлежат на тестови за проверка на физичката подготвеност согласно Правилникот за начинот на одржување и проверка на физичката способност на активниот воен персонал на служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.170/16) достапен на следниот линк: http://mod.gov.mk/wp-content/uploads/2018/07/ Pravilnik-za-fizicki-proverki-.pdf.

7. При вработувањето ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници со почитување на критериумите на стручност и компетентност.

8. Министерството за одбрана ги повикува и охрабрува девојките и жените кои ги исполнуваат условите да се пријават на јавниот оглас за прием на професионални војници во Армијата на Република Северна Македонија.

9. Јавниот оглас за прием на професионални војници ќе трае 15 дена вклучувајќи го денот на објавување, во најмалку два дневни весници од кои најмалку во еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик и интернет страната на Министерството за одбрана.

10. Кандидатите за професионални војници на јавниот оглас може да се пријават преку електронска пошта во Министерството за одбрана javenoglaspfv@morm.gov.mk со пополнување на образецот Пријава за кандидати за професионални војници на служба во Армијата. Пријавата може да се превземе од интернет страната на Министерството за одбрана www.mod.gov.mk.
Кандидатите за професионални војници на јавниот оглас може да се пријават и во Одделенијата за одбрана на Министерството за одбрана во или блиску до местото на живеење.

11. При пријавувањето на јавен оглас, кандидатите треба да ги приложат следните документи и податоци:

  • Пријава за кандидати за професионални војници на служба во Армијата (образецот е достапен на интернет страницата на Министерството и во Одделенијата за одбрана);
  • Своерачно пополнет Прашалник со изјава за морална, материјална и кривична одговорност за точноста на дадените податоци (образецот е достапен на интернет страницата на Министерството и во Одделенијата за одбрана);
  • Фотокопија од документ за лична идентификација (лична карта или патна исправа);
  • Диплома за завршено средно училиште;
  • Потврда издадена од матичен лекар за општа здравствена способност за лица кои се здравствено осигурани, а кој податок се должни да го наведат во пријавата за пријавување на кандидати за професионални војници на служба во Армијата;

12. Кандидатите кои аплицирале на претходните огласи за прием на професионални војници, но не биле избрани и не ги подигнале документите од Одделението за одбрана во местото на живеење, доколку имаат интерес за повторно аплицирање согласно условите во точка 2 од огласот, потребно е да достават само пријава и потврда од матичен лекар за поседување на општа здравствена способност.

13. Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се земаат во разгледување.

14. Кандидатите за професионални војници кои успешно ќе ги поминат сите предвидени проверки по фази, согласно Правилникот за начинот на спроведување на постапка за прием на кандидати за офицери, односно подофицери, професионални војници и цивилен персонал на служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.57/18) и тоа:

  • проверката на податоците кои кандидатите ги изнеле за вистинити,
  • проверката на физичката способност,
  • проверката на здравствената способност,

се ставаат на листа за избор и прием на професионални војници на служба во Армијата.
15. Кандидатите за професионални војници кои ќе бидат примени на служба во Армијата на Република Северна Македонија и повикани во Министерството за одбрана за потпишување на договор за работа со себе треба да ги носат следните документи:

  • диплома за завршено средно образование (оригинал или копија заверена на нотар);
  • уверение за државјанство;
  • извод од матична книга на родените;
  • уверение дека не му е изречена мерка за безбедност забрана на вршење професија, дејност или должност (не постаро од 6 месеци);
  • важечка лична карта и 2 (две) фотокопии од лична карта на кои треба да биде напишана општината во која се со место на живеење;
  • трансакциска сметка;
  • ако кандидатот бил во работен однос да достави лист за одјава со затворен датум во фирмата каде работел (образец М-2), или
  • потврда дека не е во работен однос издадена од Агенцијата за вработување.

16. Со избраните кандидати Министерството за одбрана ќе склучи договор за работа во траење од три месеци, во кој период влегува основна војничка обука, а по чие успешно завршување со лицето се склучува договор за работа од четири години, согласно точка 1 од овој оглас.
За времетраење на основната војничка обука, лицето кое ќе биде примено како професионален војник на служба во Армијата ги остварува сите права и обврски од работен однос согласно со овој закон.

17. На кандидатите кои нема да бидат избрани по јавниот оглас и нема да засноваат работен однос во Министерството за одбрана како професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија, документите со писмено известување ќе бидат вратени преку Одделението за одбрана во местото на живеење, каде што биле поднесени.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА

Балкан

Костадинов бара припојување на Македонија кон Бугарија

Published

on

Лидерот на ултаранационалистичката и крајнодесничарската бугарска партија „Преродба“, Костадин Костадинов, ја повика владата во Софија официјално да објави претензии за припојување на Македонија и на украинската област Јужна Бесарабија кон Бугарија.

Партијата „Преродба“ стана трета политичка сила во 240-члениот бугарски парламент на последните парламентарни избори во Бугарија откако доби 12,92 отсто од гласовите и 35 пратенички места.

Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, Костадинов ги поддржува изјавите на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп за Канада и Панамскиот канал, и наведува дека е потребно и Софија јавно да излезе со барање за припојување на Македонија и Јужна Бесарабија кон Бугарија.

„Претензиите на Трамп кон Канада се целосно оправдани. Нема ништо пологично и понормално од две земји со заедничка историја, заедничко потекло, заеднички јазик и, во голема мера, ист народ, како што се САД и Канада, да станат една земја. Истото важи и за претензиите на Трамп за Панамскиот канал. Впрочем, САД се првиот сопственик на земјиштето на каналот, тие го градеа и го поседуваа до 1979 година. Затоа „Преродба“ целосно ги поддржува тврдењата на новоизбраниот американски претседател.

Иста е ситуацијата и со Македонија. Нема ништо пологично од тоа две земји со заедничка историја, заедничко потекло, заеднички јазик и народ да станат една земја. Сличен е случајот и со Јужна Бесарабија. Таа е дел од бугарската држава повеќе од 450 години, Бугарите се домородното население на оваа област (од 6 век) и до денес се мнозинство од населението. За споредба, Украина ја поседува Јужна Бесарабија само 34 години.

Затоа нема ништо пологично од обединување на Бугарија и Македонија во една заедничка држава, како и враќање на Јужна Бесарабија назад во Бугарија. Украина се распаѓа и на идниот мировен конгрес кој ќе одлучува за судбината на неуспешната т.н. украинската државност, Бугарија треба да ги потврди своите претензии кон бугарска Бесарабија, напиша Костадинов на социјалната мрежа“, наведува Костадинов во објавата на Фесјбук.

Continue Reading

Македонија

НОВА ПРОВОКАЦИЈА ОД БУГАРСКАТА ФОНДАЦИЈА „МАКЕДОНИЈА“

Published

on

Според неговата објава на социјалните мрежи, панихиди за Бунева ќе има и во Тетово, Струмица и во Прилеп.

Виктор Стојанов претседателот на Фондацијата Македонија кој има забрана за влез во Македонија повикува на панихида за Мара Бунева в недела на 12 јануари на кејот на Вардар во Скопје и во црквата Свети Димитрија.

Според неговата објава на социјалните мрежи, панихиди за Бунева ќе има и во Тетово, Струмица и во Прилеп.

Стојанов во последно време е особено активен во Албанија каде дели бугарски книги и учебници за македонското малцинство.

На 13 јануари се навршуваат 97 години од атентатот што го извршила Мара Бунева врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ во центарот на Скопје. Откако го извршила атентатот, таа се самоубила.

Continue Reading

Македонија

Општина Битола: Бесплатен превоз до скијачките центри Нижеполе и Копанки!

Published

on

Општина Битола обезбедува бесплатен превоз за сите љубители на зимските спортови до скијачките центри Нижеполе и Копанки. Оваа иницијатива има за цел да го промовира активниот животен стил и да овозможи достапност на зимските активности за сите граѓани. Искористете ја можноста за удобен и бесплатен превоз до овие популарни дестинации!

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк