понеделник, август 3, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

„Очекувајте чекање од најмалку 10 часа на граница“ – најави за колони кон Грција

by Redakcija
25.04.2026
in Економија
Летото може да започне во километарска колона: Македонија бара изземање на новите биометриски контроли на грчката граница за време на летната сезона

Сојузот на стопански комори алармира дека воведувањето на ЕЕС системот на грчките гранични премини може да предизвика сериозни застои во текот на летната сезона, доколку не се одложи неговата имплементација.

Од ССК веќе доставиле барање до грчките власти за привремено одложување на системот, со цел да се избегне метежот кој се очекува поради зголемениот број туристи од Македонија и Србија.

Во емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21, претседателот на туристичко-угостителската комора при ССК, Аркан Керим, предупреди дека во спротивно, граѓаните би можеле да се соочат со екстремно долги задржувања на границата.

„Имаме поддршка од северна Грција и од хотелиерите за ова барање. ЕУ дозволува во одредени ситуации привремено замрзнување на системот. Во спротивно, ќе се соочиме со сериозен проблем. За еден автомобил со четиричлено семејство ќе бидат потребни околу 10 минути за проверка, што значи дека за еден час ќе можат да поминат само неколку возила. Тоа може да резултира со чекања од 10 до 12 часа, а можно е и повеќе“, изјави Керим.

Тој посочи дека аеродромите имаат подобра инфраструктура за вакви проверки, но дека ситуацијата на копнените гранични премини е значително поразлична, особено во периоди на зголемен сообраќај кон туристичките дестинации во Грција.

Related Posts

ministerstvo za finansii

МФ: Завршната сметка за 2025 година потврдува стабилни јавни финансии, редовно сервисирање на обврските и реализација на развојните инвестиции

01.08.2026

„И здравје и работа“: Нападите врз професорите се напад врз науката – Македонија мора да носи одлуки врз основа на знаење, а не на притисоци

01.08.2026

Неделен преглед на Македонската берза: промет од 37,15 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

01.08.2026

GM955 ЌЕ ГИ МИНУВА ЗАВРШНИТЕ ТЕСТИРАЊА ВО TÜV SÜD МИНХЕН

01.08.2026

Финансиски резултати за вториот квартал и првата половина од 2026 година

31.07.2026

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 порасна за 0,05 отсто, најтргувани акциите на Алкалоид

31.07.2026

Препорачани Вести

Земјотрес од 4,6 степени го потресе централниот дел на Грција

4 месеци ago
Македонските компании на прагот на зелена трансформација: Грантови од 5.000 до 300.000 евра од ИНОВА

Македонските компании на прагот на зелена трансформација: Грантови од 5.000 до 300.000 евра од ИНОВА

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Илинденското востание во Костурско – Борбата што траела речиси три месеци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп најави нови разговори со Иран: „Не сакам да убивам луѓе, договорот е сè поблиску“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонските туристи често не го знаат ова: Една грешка на патот носи казна во Грција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пекол во Грција: Огнената стихија се приближува до населени места, стотици пожарникари во жестока битка со пламените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп за понеделник (3 август): Нови можности, важни одлуки и пресврти – еве што ви носат ѕвездите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.