Поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, вторник 28 април 2026 година, дел од скопската општина Карпош ќе биде без напојување со електрична енергија.
Детали за прекинот:
Општина: Скопје – Карпош
Време: од 09:00 до 14:00 часот
Локација: Дел од потрошувачите на ул. Козле 2 и ул. Јуриј Гагарин
Од ЕВН Македонија информираат дека прекинот е неопходен поради реализација на планирани активности за подобрување на квалитетот и сигурноста во снабдувањето.












