вторник, ноември 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Николоски пред Американската стопанска комора: Дигитална држава значи развој и просперитет, одлучивме државата да ја движиме кон патот на развојот

by Redakcija
24.11.2026
in Македонија

Одлучивме Македонија да ја развиваме, да ја движиме напред и мора да ги прифатиме предизвиците на новото време, а тоа се дигитализацијата и вештачката интелигенција, порача заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, обраќајќи се на конференција на Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам) за дигитална трансформација, која денеска се одржува во Скопје.

Николоски истакна дека дигиталната ера и забрзаниот технолошки развој веќе суштински го менуваат начинот на функционирање на бизнисот, општеството и институциите, посочувајќи ги конкретните проекти на кои се работи, меѓу кои изградбата на национален податочен центар, воспоставувањето национален едношалтерски систем, воведувањето дигитална наплата на патарините и интелигентни транспортни системи за модернизација и поголема безбедност на сообраќајот.

-Овие промени отвораат огромни можности во секое поле на дејствување, покрај во економијата, во здравството, во транспортните системи и речиси во секој сегмент на општеството, истакна Николоски.

Тој посочи дека Владата веќе работи на реализација на стратегијата „Смарт Македонија 2030“, а еден од клучните проекти на кои се работи е изградбата на првиот државен национален податочен центар.

-Со Министерството за дигитална трансформација веќе работиме на развој на првиот државен национален податочен центар. Интензивно работиме на таа тема. Истиот треба да почне со градба веќе следната година. Во моментов се работат сите процедури коишто се поврзани со урбанизација и со сета потребна документација со цел да може да почне изградбата. Идејата е овој податочен центар да ѝ служи на државата и државните институции, на едно место да се соберат сите државни институции. Сега имаме еден систем којшто е раштркан, неорганизиран, секоја институција води сметка сама за себе, најави Николоски.

-Во напредна фаза сме на креирање на национален едношалтерски систем, којшто е замислен како централизирана платформа којашто ќе овозможи сите релевантни институции да работат во заедничка дигитална платформа, додаде вицепремиерот Николоски.

Во своето обраќање, тој го најави и воведувањето на новиот систем за електронска наплата на патарини.

Не зборуваме за отворен или затворен систем на патарини, туку воопшто нема да има патарини на патот и начинот на којшто ќе се наплаќа користењето на автопатот ќе биде по изминат километар, што е далеку, далеку поправедно од системот којшто го имаме сега, појасни Николоски.Првата примена на овој систем е планирана на автопатот Охрид – Кичево, чија изградба треба да заврши до крајот на мај 2027 година, истакна вицепремиерот Николоски.

Во делот на транспортот, Николоски најави и воведување интелигентни транспортни системи.

-Во финална фаза сме на промена на легислативата со цел воведување на интелигентни транспортни системи. Се работи за пет закони, три во надлежност на Министерството за транспорт, еден во надлежност на Министерството за внатрешни работи и еден во надлежност на Министерството за локална самоуправа, потенцираше Николоски.

Тој потврди дека со поддршка на Светската банка веќе е потпишан договор за воведување интелигентни транспортни системи на Коридорот 10, на делницата од Табановце до Гевгелија, а нивната примена се очекува кон крајот на 2027 или почетокот на 2028 година.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

9.000 евра за диплома без мака – обвинителството презентираше пораки и снимки

24.11.2026

Божиновска: Да ги охрабриме младите жени да преземаат раководни позиции

23.11.2026
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на отворањето на шест нови, реконструирани операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Мицкоски: Нема предвремени парламентарни избори, редовните ќе се одржат во април 2028 година

23.11.2026

Божиновска: Младите инженери имаат можност да учат, да напредуваат и да работат на важни проекти дома

23.11.2026

Средба Николоски -Зомер: Унапредување на економската соработка, инвестиции и туризмот

23.11.2026

Мицкоски со мерки за младите: Поевтини станови и полесен пат до сопствен дом

23.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

ДАЛИ СКОПЈЕ МОЖЕ ДА ОСТАНЕ БЕЗ ВОДА? Аларм за загадување на изворот Рашче

8 месеци ago

Стравот од ескалација на Блискиот Исток ги турка цените на нафтата нагоре

9 месеци ago

Популарни Вести

  • Николоски пред Американската стопанска комора: Дигитална држава значи развој и просперитет, одлучивме државата да ја движиме кон патот на развојот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Средба на министерката Божиновска со шведскиот амбасадор Солстром: Силна поддршка за првиот форум за енергетска дипломатија и интензивирање на инфраструктурната соработка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВОЈНАТА СЕ ШИРИ НА ДВЕ МОРИЊА: Украина нападна руски бродови од Финскиот Залив до Либија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 25 години музичка кариера: Огненка Герасимовска-Димитровска вечерва со јубилеен концерт во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 9.000 евра за диплома без мака – обвинителството презентираше пораки и снимки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.