На 27 април 2026 година, околу 17:10 часот, на Градскиот стадион во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода две лица.
Станува збор за Б.Ш. (23) од селото Лешок и Г.М. (19) од Куманово.
Како што информира полицијата, при извршен преглед кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и кафеава грутчеста материја.
Лицата биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
…












