четврток, ноември 26, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Спорт

Руни по спектаклот во Париз: „Слушајте ме сега…“

by Redakcija
28.04.2026
in Спорт

Неверојатен натпревар со седум голови го одбележа полуфиналето во Париз, каде што фудбалската публика уживаше во вистински спектакл. Натпреварот започна со гол на Хари Кејн од пенал во 17. минута, но само седум минути подоцна Квича Кварацхелија израмни. Жоао Невеш донесе ново водство, а Михаел Олисе повторно ја врати неизвесноста. Во судиското продолжение од првото полувреме, Осман Дембеле од пенал им донесе предност на домаќините.

Во второто полувреме, Кварацхелија со мајсторски погодок во 56. минута зголеми на 4:2, а само две минути подоцна Дембеле погоди за убедливи 5:2. До крајот, Баерн успеа да намали преку Дајо Упамекано и Луис Дијаз, со што остана надеж за реваншот.

Грузискиот репрезентативец Кварацхелија беше апсолутен херој на вечерта, покажувајќи дека во моментов е меѓу најдобрите фудбалери во светот. Неговата игра особено го воодушеви легендарниот Вејн Руни, кој како стручен коментатор не го криеше своето восхитување.

„Слушајте ме добро, мораме да зборуваме за ова момче. Тоа што го покажа денес не е само талент, туку карактер. Едно е да постигнеш два гола во полуфинале од Лигата на шампионите, но начинот на кој го направи тоа е нешто сосема друго. Ги повикува дефанзивците на дуел, а потоа ги остава зад себе. Неговата ‘стоп-старт’ игра е кошмар за секој дефанзивец. Директен е, непредвидлив и има самодоверба затоа што знае дека е најдобар на теренот“, изјави Руни.

Тој додаде дека токму ваков профил на играч му недостасува на Манчестер Јунајтед.

„Кога го гледам, веднаш помислувам на Манчестер Јунајтед. Имаме квалитет, но ни недостасува тој елемент на хаос што го носи тој. Тој создава нешто од ништо. Тој е играч што добра екипа ја претвора во тим што доминира. Да бев во управата на Јунајтед, веднаш би го земал телефонот – ваков играч во нивниот дрес е сон“, порача Руни.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Официјално: Гоце Седлоски повеќе не е селектор на Македонија

25.11.2026

Го навредувал Мбапе, доби 11 месеци затвор: Казната нема да се изврши ако две години не оди на стадион

17.11.2026

Почина поранешниот репрезентативец Владимир Секуловски

16.11.2026

Македонец влезе во Гинисовата книга на рекорди: Сашко Кедев е највозрасниот човек што ги искачил сите 14 осумилјадници

15.11.2026

Ева Митевска со историски успех на 100 метри на Младинските олимписки игри

10.11.2026

Ракометната федерација на Македонија најави остар приговор до ЕХФ и грчката федерација поради кратенката НМКД

08.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Нови правила за боледување од 1 декември: Што се менува за пациентите?

2 недели ago

Свети Трифун – заштитник на лозарите и симбол на пролетта

10 месеци ago

Популарни Вести

  • Од Саат Маало до Пршовце: Распоред на прекините на струја за 27 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поевтин увоз на автомобили за илјадници граѓани: Во Собранието поднесен предлог за укинување на дел од давачките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голема акција против брзите кредити: На илјадници граѓани ќе им бидат вратени незаконски наплатени пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се сеќавате ли на овој новогодишен украс од 80-тите и 90-тите? Годинава повторно се враќа во голем стил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Грешка што многумина ја прават за празниците: Зошто не треба да ги оставате новогодишните светилки вклучени цела ноќ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.