Connect with us

Забава

Вагата неодлучна, Близнаците размислуваат за приватен бизнис

Published

on

ОВЕН

Во текот на целиот ден активни се аспектите кои упатуваат на финансиска добивка. Другиот дел од денот носи растоварување и подобра комуникација со партнерот. Без големи промени.

БИК

Бикот не е расположен за нагли промени. Не ви годат. Мислите дека може да бидете надвор од случувањата. Биковите кои имаат врска или брак, ги чека расправии. Обидете се да најдете заеднички јазик. Освежете го животот со некој спорт.

БЛИЗНАЦИ

Размислувате за приватен бизнис. Мислите дека ќе бидете подобро расположени и среќни ако почнете нешто свое. Вашата енергија дава можност работите да функционираат добро во секоја ситуација. Ново познанство ќе биде многу инспиративно. Проверете го крвниот притисок.

РАК

Имате нова понуда за работа. Времето ќе покаже дали е добра. Слободните припадници на овој знак мора да има потврда. Оние кои се во брак, мора да внимаваат затоа што и мали нервози може да донесат проблеми. Не ја блокирајте енергијата, не е добра за органите во стомакот.

ЛАВ

Ситуацијата на работа може да се искомплицира доколку ги употребите емоциите. Бидете реални кон соработниците. Оние кои се во брак или врска би требало да постапат практично или рационално за нивната комуникација да биде збогатена со емоции. Внимавајте на видот.

ДЕВИЦА

Интензивното дружење со пријателите ќе дадат размислување за промени, но тие нема да се одвиваат брзо. Слободните Девици ќе имаат можност да се најдат во паралелна врска. Потребна е регенерација на организмот низ физички вежби.

ВАГА

Треба да внимавате да не ја изгубите сегашната работа, но и парите. Морате да штедите, без оглед на тоа што ви се подготвува во иднина. Неодлучни сте. Секогаш сте во некоја дилема што да правите, дали да влегувате во врска, или не. Чувајте ги екстремитетите.

ШКОРПИЈА

Важни контакти со влијателни и моќни лица, даваат просперитет кон остварување на целите. Зголемување на финансиите очекувајте. Добар ден за љубов. Може да уживате во љубовта со саканата личност. Добро се чувствувате.

СТРЕЛЕЦ

Важен ден за сите оние кои имаат состанок со странци. Би било пожелно да се свртите кон работи со органска храна или некое друго производство. Оние во брак или врска, може да се свртат кон слободен живот, што не е добро за заедницата во која се наоѓате. Покачена температура.

ЈАРЕЦ

Еве како да се ослободите од псоријазата во само неколку чекори. Се што ти треба е.

Вие ќе бидете некој кој создава нови идеи. Добар ден за пари. Добар ден за фамилија и деца. Среќни сте кога се вашите сакани околу вас. Намалете со оброците навечер.

ВОДОЛИЈА

Имате силна ментална сила да почне се што сте замислиле. Искористетете ги богатите внатрешни ресурси. Партнерот понекогаш бара премногу од вас. Вие сте во прилика да давате само онолку колку што сметате дека треба. Опуштени сте. Немате проблеми со здравјето.

РИБИ

Добро сте подготвени за работата која ви се нуди. Снаодливи сте. Нема да биде тешко да се споите со лица кои бараат многу и квалитетно. Ви се допаѓа еден Лав. Мислите дека со него може да играте на картата на нежност. Но, морате да покажете и „агресивен“ дел од себе. Замор ве стигнува.

Забава

Инфлуенсерка го лажирала своето киднапирање поради здодевност

Published

on

Инфлуенсерите денес се соочуваат со сериозни последици поради драстични и контроверзни потези кои ги преземаат за да го зголемат своето присуство на интернет. Еден од најновите и најконтроверзни настани се случи кога инфлуенсерката Викторија Роуз, позната по својот кориснички прекар “Whoa Vicky”, признала дека лажела за своето наводно киднапирање во Нигерија.

Инцидентот започна кога се појавија твитови во кои се тврди дека Роуз била киднапирана и дека нејзиното ослободување ќе биде возможно само ако се плати откуп од еден милион долари. “Ја киднапирав Вики. Таа е со мене во Нигерија. Барам 1 милион долари за нејзино ослободување”, гласеше еден од твитовите.

Меѓутоа, многу брзо потоа Викторија призна дека целата ситуација била измислена. За време на преносот во живо на Инстаграм, таа открила дека сака само да се забавува и да се шегува, додавајќи дека не пие алкохол и не оди во клубови, па ова беше нејзиниот начин да се забавува. “Библијата вели дека смеењето е добро за душата”, додала таа, оправдувајќи ја својата постапка со верска референца и објаснувајќи дека има ограничени можности за излегување поради нејзините христијански вредности.

Нејзиниот потег наиде на жестоки критики од јавноста, а многу корисници ја обвинија дека со оваа лага сериозно ја нарушила довербата во такви случаи. “Да лажеш дека те киднапираат е навистина одвратно!”, напишал еден од коментаторите. Викторија, сепак, останала на својот став, кажувајќи дека се сожалува за луѓето што можеби биле повредени од нејзината шега, но истовремено ја презела целосната одговорност за своето однесување.

Не е првпат да се случи ваков случај, бидејќи и во 2023 година 26-годишната медицинска сестра Карли Расел ја лажела својата киднапираност. Таа ја пријавила својата исчезнатост и, иако полицијата веднаш започнала потрага, многу брзо се открило дека се работи за измама. Расел подоцна признала дека воопшто не била киднапирана, туку дека целата ситуација била измислена.

Овие инциденти се сериозен потсетник за границите кои инфлуенсерите поставуваат во обидот да стекнат внимание и популарност на интернет, што често може да има сериозни последици и за нив и за нивната публика.

Continue Reading

Забава

Се укинуваат повеќе турски серии

Published

on

Со години наназад ударниот термин на речиси сите национални телевизии е резервиран за турски серии.

Се очекува овој тренд да продолжи и во 2025-та, иако од Туркије пристигнуваат и не така добри вести.

Тамошните медиуми пишуваат за криза во тамошната ТВ-индустрија.

„Приходите од реклами се намалени за половина оваа година и многу серии во Турција по кратка постапка се финализирани“, пишува „Хаберлер“.

Повикувајќи се на добро упатени извори, истиот портал пишува дека продуцентите донеле конечна одлука годинава да се прекине емитувањето на дури 13 серии. Осум од нив само што почнаа да се емитуваат, а останатите пет ќе финишираат заклучно со нивната втора сезона.

Continue Reading

Забава

„Биби и Боби“ ја разубавуваат Зимската приказна во Битола

Published

on

Најомилените пријатели на најмладите, „Биби и Боби“, вечерва пристигнуваат во Битола! Во 19:00 часот, пред Офицерскиот дом, сите посетители ќе можат да уживаат во магијата на празничниот дух преку танци, игри и незаборавна атмосфера што ќе ги стопли срцата на сите, без разлика на возраста.

„Зимска приказна“ продолжува да создава моменти за паметење, збогатувајќи ја празничната радост со незаборавни настани.

Празничниот дух живее во Битола!

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк