среда, септември 30, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Скопје

Рекордна акција во Скопје: За само 8 часа санкционирани 113 моторџии – еден возач приведен

by admin
03.05.2026
in Скопје

Во засилена сообраќајна акција спроведена вчера (02.05.2026) во периодот од 12:00 до 20:00 часот на територија на Скопје, полициските служби санкционирале вкупно 113 возачи на мотоцикли и сродни возила. Акцијата ја реализирало Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, со фокус на прекршоците што ги прават возачи на велосипеди со помошен мотор, трицикли, четирицикли и мотоцикли.


Според официјалните податоци, четворица возачи биле казнети поради управување мотоцикл без соодветна категорија, додека 17 санкции биле изречени за лица кои управувале велосипед со помошен мотор без потребна возачка потврда. Најголем дел од прекршоците се однесуваат на неносење заштитна кацига, при што биле изречени 45 мерки.


Дополнително, три санкции биле изречени за нерегистрирани мотоцикли, уште три за неносење сообраќајна дозвола, две за движење по несоодветна површина, како и две мерки за незапирање на даден сообраќаен знак. Евидентирани се и 37 прекршоци по други основи.
За време на контролата, еден возач на мотоцикл бил лишен од слобода поради безобѕирно управување со возило, согласно член 297-а од Кривичниот законик.


Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека ваквите засилени контроли ќе продолжат и во наредниот период, упатувајќи апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, со цел зголемување на безбедноста на патиштата низ државата.

Related Posts

Изгоре механизацијата на стадионот во Арачиново – градоначалникот Беќири: „Никој нема да нè запре, стадионот ќе се изгради“

Изгоре механизацијата на стадионот во Арачиново – градоначалникот Беќири: „Никој нема да нè запре, стадионот ќе се изгради“

30.09.2026

Скопскиот аеродром меѓу најбрзорастечките во Европа со раст од 34,8%

30.09.2026

РКЕ со важна информација за грејната сезона: Еве кога и под кои услови може да почне греењето

30.09.2026

Делови од Скопје утре ќе бидат без струја

28.09.2026

Меџити: Одлуките секогаш ги носевме заедно, шпекулациите нема да го определуваат нашиот заеднички пат

26.09.2026

Меџити од Њујорк: Пријателството со САД мора да го зачуваме и зајакнуваме

25.09.2026

Препорачани Вести

Самсунг (Samsung) истакнува како отворените екосистеми се клучот до вистинското ветување на “AI“ технологијата во домот на “CES 2026“

9 месеци ago

Проданоски: Го уредуваме просторот околу „Чарши џамија“ во центарот на Прилеп

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Николоски од Брисел: Ќе разговараме за големите инфраструктурни проекти и европската интеграција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) ШПИОНСКИ СКАНДАЛ ВО СРБИЈА: Уапсени две жени под сомнение дека предавале податоци за припадници на БИА на албанската разузнавачка служба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во раст: МБИ10 зголемен за 2,60 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО | Зеленски: Украина вратила контрола врз 176 квадратни километри во операцијата „Вивалди“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Изгоре механизацијата на стадионот во Арачиново – градоначалникот Беќири: „Никој нема да нè запре, стадионот ќе се изгради“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.