Владата на Јужна Кореја денеска одржа итен состанок на кој се разгледувале можните одговори по инцидентот со пожар на товарен брод во регионот на Ормутскиот теснец, во период кога безбедносните тензии во поширокиот Персиски Залив повторно се засилуваат.
Станува збор за брод управуван од една од водечките јужнокорејски бродски компании, на кој избувнал оган во машинскиот оддел додека пловел во близина на Обединетите Арапски Емирати. Според првичните информации, целиот екипаж е безбеден и успешно евакуиран од опасната зона, додека истрагата за причините сè уште е во тек. Засега не се исклучува ниту технички дефект, ниту можност за надворешно влијание.
Во меѓувреме, ситуацијата добива и политичка димензија. Американскиот претседател Доналд Трамп упати повик до Сеул за приклучување кон американските операции во регионот, нагласувајќи потреба од поширока меѓународна координација за заштита на клучните поморски рути.
Напнатоста дополнително се засилува поради спротивставени тврдења и деманти околу инциденти во Персискиот Залив, како и поради предупредувањата од иранска страна дека ќе реагира на секое, како што го нарекуваат, нарушување на нивните правила за пловидба.
ВИДЕОТО МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА
…












