петок, октомври 30, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Увозник казнет со 1.400 евра за увоз и обид за препакување јајца како домашни пред Велигден

by Redakcija
07.05.2026
in Македонија
Увозник казнет со 1.400 евра за увоз и обид за препакување јајца како домашни пред Велигден

Пред Велигденските празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, во координација со Царинската управа, пресекоа обид за пуштање на голема количина необележани јајца на домашниот пазар, кои потекнувале од Србија и требало да завршат како „македонски производ“.

Станува збор за две одвоени пратки во кои биле откриени вкупно над половина милион јајца, околу 270 илјади во едната и 302.400 во другата. Според наодите, јајцата биле увезени без соодветно означување, со намера дополнително да се етикетираат и да се прикажат како домашно производство, што би можело да влијае врз фер-конкурентноста и да ги доведе во заблуда потрошувачите.

Откриената пратка веднаш била ставена под контрола, а целата количина, околу 40 тони, била безбедно уништена на депонијата „Дрисла“, како мерка за спречување на било каков ризик по пазарот и потрошувачите.

Од Агенцијата за храна за „Слободен печат“ информираат дека на операторот кој ја внел пратката, а е регистриран кај нив, му е изречена парична казна во износ од 1.400 евра. Дополнително, против истиот оператор не е поднесена кривична пријава, и покрај тоа што поседува и сопствено производство на јајца и активно учествува на пазарот.

Институцијата нагласува дека во периодот пред празниците се спроведуваат засилени инспекциски контроли, како на увозот, така и на домашното производство на јајца, со цел навремено да се спречат злоупотреби и пласирање на небезбедна или погрешно декларирана храна.

Од АХВ дополнително тврдат дека во конкретниот случај не биле регистрирани никакви надворешни притисоци или влијанија врз нивното постапување, нагласувајќи дека интервенцијата била навремена и единствена од ваков тип кај наведениот оператор.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Николоски: Нова авиолинија Скопје – Тиват, од мај директно од Скопје до црногорското приморје

30.10.2026

Проверете ги сметките: Дел од пензионерите денеска ја добиваат октомвриската пензија

30.10.2026

Министерство за енергетика: Наплатата од концесии надмина 1,2 милијарди денари, раскинати се 53 договори

30.10.2026

Повеќе пари за студентски оброк, попусти и дигитално плаќање: Што се менува со владиниот предлог

29.10.2026

ОКТА, МВР и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот

29.10.2026

БОЖИНОВСКА: ИНОВАЦИИТЕ И НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ СЕ КЛУЧНИ ЗА ПОСИГУРЕН ЕНЕРГЕТСКИ СИСТЕМ И ПОКОНКУРЕНТНА ЕКОНОМИЈА

30.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

19-годишна девојка загина во несреќата кај Струмичко, возачот на автомобилот бил пијан

3 месеци ago

Мицкоски: Верувам во конечна победа во Брвеница

2 недели ago

Популарни Вести

  • Брнабиќ најави нови избори во Србија, па им порача на студентите: „Разрешувајте според закон, а не од парк“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава против двајца полицајци – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нападнат и ограбен 62-годишник во Тетово: Повреден со остар предмет додека задржувал еден од напаѓачите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучот останал на бравата: Тројца малолетници осомничени за кражба на автомобил од автоплац

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Архивите на УДБА и ЈНА пред европските преговори: Што бара Јанша од Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.