среда, август 12, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

ВИДЕО: Во Латвија се урнаа руски дронови, погодено складиште за нафта – властите: „Граѓаните да останат во своите домови“

by Redakcija
07.05.2026
in Свет

Две беспилотни летала влегле во Латвија од територијата на Русија, по што се урнале, соопшти латвиската армија рано утринава.

Еден од дроновите паднал врз складиште за нафта во градот Резекне, на околу 40 километри од руската граница, објави латвиската јавна радиотелевизија ЛСМ, повикувајќи се на полицијата.

Пожарот што избувнал по падот на леталото се изгаснал пред пристигнувањето на пожарникарите, пренесуваат локалните медиуми.

На местото на инцидентот биле испратени единици на вооружените сили, полицијата и спасувачките служби.

Латвиските власти утринава издале предупредување за дронови за жителите кои живеат во близина на границата со Русија и ги повикале да останат во своите домови.

Локалните власти соопштиле дека сите училишта во Резекне денеска ќе останат затворени.

Кон крајот на март, неколку украински дронови залутале и паднале во Латвија, како и во соседните земји и членки на НАТО – Естонија и Литванија. Еден од дроновите тогаш удрил во оџак на електрана, додека друг се урнал во замрзнато езеро и експлодирал.

Се верува дека украинските беспилотни летала биле лансирани со цел да погодат воени цели во Русија.

Министрите за надворешни работи на трите балтички земји во април изјавија дека нивниот воздушен простор и територија нема да бидат користени за напади со дронови врз Русија.

Latvijas teritorijā nokrituši 2 droni; izsludināts gaisa telpas apdraudējums Balvu, Ludzas un Rēzeknes novadā.

Plašāk: https://t.co/n2VKskaMxK pic.twitter.com/jlhIcOOwtH

— LTV Ziņu dienests (@ltvzinas) May 7, 2026

…

Related Posts

Почна пописот во Австралија: Македонската заедница повикува на масовно изјаснување

11.08.2026

Данска воведува строги мерки во училиштата – блокирање на ChatGPT

10.08.2026

ВИДЕО: Масовен напад длабоко во Русија: 13 загинати и 39 повредени

10.08.2026

Зеленски: Русија планира да распореди до 50.000 севернокорејски војници

10.08.2026

ВИДЕО: Силен земјотрес од 7,4 степени ја погоди Колумбија, има повредени и голема штета

10.08.2026

Драматична ноќ во Русија: 12 загинати и десетици повредени во напад со дронови

10.08.2026

Препорачани Вести

Денес се одбележува споменот на Светиот апостол и евангелист Марко

Денес се одбележува споменот на Светиот апостол и евангелист Марко

3 месеци ago
shemnica

Десет кинески државјани приведени кај мостот на Шемница по сомнение за нелегален влез во Македонија

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Пеколни 40 степени денеска во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На денешен ден започнала офанзивата врз Крушево: 15.000 османлиски војници тргнале кон Крушевската Република

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп за 12 август: Некои знаци да внимаваат на конфликтите, други на финансиите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија утре под портокалов аларм: температурите ќе достигнат до 40 степени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петмина приведени во Скопје, полицијата расчисти две разбојништва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.