четврток, мај 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

ВИДЕО: Ова е реакцијата на Стојанче кога слушна дека е осуден на 12 години затвор

by Redakcija
07.05.2026
in Црна Хроника

Обвинетиот Стојанче Јовановски е осуден на 12 години затвор за три кривични дела поврзани со случајот во кој животот го загубија Ивана Јовановска и нејзината малолетна ќерка Катја.

Според одлуката на Судот, Јовановски со долготрајно физичко и психичко насилство ја довел оштетената Ивана во тешка и безизлезна состојба, што било оценето како клучен фактор за трагичниот исход. Насилството, како што беше утврдено, траело од 2023 година на повеќе локации, а често се случувало и во присуство на детето. Во текот на тој период, обвинетиот упатувал сериозни закани, меѓу кои дека ќе ја избрка од домот, ќе ја убие и дека ќе ѝ ја одземе ќерката.

На критичниот ден, 2 март, од 11:00 до 12:20 часот, според пресудата, тој ја нападнал Ивана на повеќе места, нанесувајќи ѝ удари и навреди, при што таа во еден момент изгубила свест. По освестувањето, насилството продолжило, придружено со нови закани. Во случајот бил присутен и сведок, кој не успеал да интервенира.

Кривичниот суд во Скопје појасни дека казната е одмерена согласно законските одредби за стек на кривични дела. За трите дела биле изречени максимални поединечни казни, а тоа се пет години затвор за телесни повреди во семејно насилство, три години за загрозување на сигурноста и пет години за наведување и помагање во самоубиство.

Согласно член 44 од Кривичниот законик, судот определил единствена казна која мора да биде повисока од поединечните, но не смее да го надмине збирот од изречените казни, кој во овој случај изнесува 13 години. Затоа, на Јовановски му е изречена единствена казна затвор од 12 години.

Во текот на постапката беа презентирани материјални докази, вклучително аудио и видео снимки, кои според обвинителството го потврдуваат насилното однесување. Обвинителството побара обвинетиот да остане во притвор до правосилноста на пресудата.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Извор: newz24live

…

Related Posts

Ученик од Битола објавил список за „ликвидација“ на Тик-Ток, реагираа МВР и Центарот за социјални работи

07.05.2026

Студентка починала во изнајмен стан во Штип

07.05.2026

Уапсени 18 возачи низ државата за безобѕирно управување

07.05.2026

Откриена нелегална продажба на оружје во стрелачки клуб во Прилеп, поднесена кривична пријава

07.05.2026

Уапсено лице поради нарушување на јавниот ред и мир пред полициска станица

07.05.2026

Инциденти во тетовско: Физичка пресметка по расправија на социјални мрежи, па и вооружен инцидент

06.05.2026

Препорачани Вести

Уапсен возач: Летал со 139 км на час на место каде е дозволено 60

3 месеци ago
На чело на делегацијата на САД, Џеј Ди Венс патува кон Пакистан на преговори со Иран

На чело на делегацијата на САД, Џеј Ди Венс патува кон Пакистан на преговори со Иран

4 недели ago

Популарни Вести

  • Ученик од Битола објавил список за „ликвидација“ на Тик-Ток, реагираа МВР и Центарот за социјални работи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Комерцијална банка, Македонски Телеком и НЛБ Банка најтргувани; МБИ10 падна за 0,18%

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Студентка починала во изнајмен стан во Штип

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како правилното миење на јагоди може да ја продолжи нивната свежина?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Енрике повторно го надмудри Баерн: Како ПСЖ ја претвори дефанзивата во офанзивна замка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.