четврток, јули 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Мавровското Езеро порибено со 2 тони крап во пресрет на Светското првенство

by Redakcija
11.05.2026
in Македонија
Мавровското Езеро порибено со 2 тони крап во пресрет на Светското првенство

Во пресрет на Светското првенство во спортски риболов на крап, кое идната година ќе се одржи на Мавровското Езеро, деновиве се засилуваат подготовките на теренот во рамки на Националниот парк „Маврово“.

Како дел од првата поголема акција за унапредување на рибниот фонд, вчера во езерото беа пуштени околу 2.000 килограми крап. Од Јавната установа Национален парк „Маврово“ информираат дека ова е само почеток на пошироката програма за порибување, која ќе продолжи и во наредниот период со нови активности насочени кон збогатување на водниот екосистем.

Истовремено, од денес стапува во сила забрана за лов на крап во водите на Мавровското Езеро. Мерката ќе остане на сила сè до завршувањето на светското натпреварување, со цел да се обезбедат оптимални услови за подготовка и одржување на настанот.

Од управата на паркот нагласуваат дека активностите се реализираат во тесна координација со Македонската риболовна федерација, како дел од заедничката стратегија за промоција на спортскиот риболов и развој на риболовниот туризам во регионот. Според нив, ваквите инвестиции во рибниот фонд треба да придонесат Маврово да се позиционира како атрактивна дестинација за меѓународни спортски случувања.

Светското првенство во риболов на крап е закажано за септември 2026 година, а подготовките за негово организирање веќе подолг период се во тек. Во март годинава беше потпишан и меморандум за соработка меѓу локалната самоуправа, Националниот парк „Маврово“ и Македонската риболовна федерација, со кој се поставија основите за заедничко спроведување на настанот.

…

Related Posts

Осуденици седум дена ќе ги чистат магистралните и регионалните патишта низ државата

15.07.2026

Кривичен суд Скопје ги преполови старите предмети – намалување од 53 проценти за една година

15.07.2026

Мицкоски: Капиталните проекти се доказ дека Владата испорачува резултати

15.07.2026
Започнува евакуација на 505 македонски државјани во ОАЕ, а наскоро и од Катар, Бахреин и Кувајт

Со владиниот авион летал приватно, трошел со службена картичка – обвинет поранешен директор на СОЗР

15.07.2026

Од четврток нестабилно време во Македонија: Се очекуваат дожд, грмежи и локални невремиња

14.07.2026

Реакција од ВЛЕН: Говорот на омраза и оправдувањето на етничко чистење немаат место во Европа

14.07.2026

Препорачани Вести

Делови од Тетово утре ќе бидат без струја

5 месеци ago
Денес се одбележува споменот на Светиот апостол и евангелист Марко

Денес се одбележува споменот на Светиот апостол и евангелист Марко

2 месеци ago

Популарни Вести

  • САД инвестираат милијарди во критични минерали, Македонија сè уште го чека Иловица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Иран со жестока закана до САД: Ќе ја уништиме целата инфраструктура во регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Можно одложување на финалниот меч на Мундијалот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претрес и апсење во Струмица – Полицијата со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ден полн со можности: Погледнете што ви подготвија ѕвездите за 16 јули

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.