среда, ноември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Избрани претседатели на судовите во Гостивар, Дебар и Свети Николе, продолжува изборот за Скопје и Струга

by Уредник
30.09.2026
in Македонија
Избрани претседатели на судовите во Гостивар, Дебар и Свети Николе, продолжува изборот за Скопје и Струга

Судскиот совет на денешната седница избра претседатели на три основни судови — во Гостивар, Дебар и Свети Николе. Советот ги разгледа и пријавите за раководните места во Апелацискиот суд Скопје и Основниот суд Струга, но за тие два суда сè уште не е донесена одлука за избор.

На чело на Основниот суд Гостивар е избран Мирослав Петровски, кој досега ја вршеше функцијата претседател. Неговата пријава била навремена и придружена со комплетна документација.

Во постапката за гостиварскиот суд учествувал и Елејса Алији. На седницата, меѓутоа, било посочено дека за него претходно е донесена одлука за исполнување на условите за старосна пензија. Пријавата на третата кандидатка, Драгослава Веселиновска, не била комплетна бидејќи не доставила акциски план за спроведување на програмата за работа.

За претседател на Основниот суд Дебар е избран Оруч Абазовски. За истата функција се пријавил и Мерсим Марку, но Судскиот совет утврдил дека тој не ги исполнува условите за избор, бидејќи веќе двапати претходно бил избран за претседател на овој суд.

Основниот суд Свети Николе ќе го раководи Валентина Буровска. Таа била единствената пријавена кандидатка на огласот.

Двајца кандидати за Апелацискиот суд Скопје

На истата седница Судскиот совет ги усвои извештаите на комисијата што ја проверувала навременоста на пријавите и комплетноста на документите за претседателските места во Апелацискиот суд Скопје и Основниот суд Струга.

За Апелацискиот суд Скопје се пријавиле судиите Зоран Герасимовски и Лидија Зимбовска. За претседател на Основниот суд Струга единствен кандидат е Танче Петревски. Според усвоените извештаи, сите три пријави се навремени и комплетни, па кандидатите продолжуваат во следната фаза од постапката. Тоа значи дека претседатели на овие два суда допрва ќе се избираат.

Судскиот совет го усвои и извештајот од работната посета на Основниот кривичен суд Скопје.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Николоски: Оваа Влада го донесе најрестриктивниот Закон со кој сериозно се ограничуваат игрите на среќа

18.11.2026

Божиновска: Во Варшава ги претставуваме плановите за стратешки резерви и заштита на енергетската инфраструктура

18.11.2026

Крај за рампите на патарините во Македонија?

18.11.2026

Николоски: Вештачката интелегенција е придобивка која мора да ја искористиме – работиме на напредни дигитални системи за конкретни придобивки на граѓаните и бизнисот

18.11.2026

Ноември може да донесе вистинска зима во Македонија: Се најавуваат студ и снег

18.11.2026

Николоски од Виенскиот економски форум: Економската соработка на регионот е потребна за заеднички пристап и посилна конкуренција на глобалниот пазар. Македонија работи на квалитетно регионално поврзување

18.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Од 1 декември построги услови за кредити: Што се менува за граѓаните?

2 недели ago

Димитровски: Во Битола мора да има и инфраструктура и култура

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Во рамките на Глобалната недела на претприемништвото: Европската бизнис асоцијација ги поврза студентите со бизнис приказните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО|Десет деца завршија во болница: Се истражува драматичниот инцидент во Белград

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полициска акција на повеќе локации во Скопје: Приведени седум лица поради сомнение за дрога

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Оваа Влада го донесе најрестриктивниот Закон со кој сериозно се ограничуваат игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Западот и Русија не успеаја да се зближат? Бајден посочи три клучни причини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.