понеделник, мај 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Николоски: Интензивна динамика на автопатите што ги гради „Бехтел и Енка“, правиме сè да се овозможи простор за што повеќе работа

by Redakcija
11.05.2026
in Економија, Топ Вести

На автопатот Гостивар – Букојчани се работи на 11 од предвидените 31 километар, а реализацијата изнесува 60 проценти. На Тетово – Гостивар, пак, се работи на околу 14 километри од предвидените 17,5, ареалзиацијата е 8,4 проценти. Од Владата велат дека прават се за да овозможат изведувачите што поскоро да ги завршат овој и останатите проекти од пакетот автопати што ги гради „Бехтел и Енка“, од каде истакнуваат дека имаат активен напредок во изградбата на повеќе од 50 километри од трасата на двата коридори, 8 и 10д. 

Увид на активностите во изградбата на автопатските делници денеска извршија премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Никооски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски.

– За делот од Тетово до Гостивар, во јавноста некако е прифатена перцепција дека тоа е автопат, но во суштина тоа е експресен пат. Првпат на оваа делница ќе се изгради автопат. Втората е делницата Гостивар Букојчани кај што сме сега. Нешто што мислам дека за многумина беше незамисливо, а тоа е дека било кога ќе има автопат којшто ќе ја заобиколи Стража и дека најтешкиот дел од поврзувањето со Охрид и со Струга и целиот Коридор 8, а тоа е превојот Стража, ќе биде избегнат. И можете да видите тука пред нас како интензивно се работи на мостови, на пробивање на автопатот, на заштита на косини. Навистина се прават исклучително напредни инженерски работи, изјави Николоски. 

Главните предизвици во изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, како што рече, се бројните водови на кои треба да се направи дислокација, додека кај Гостивар- Букојачни има почист терен со помалку дислокации, но е потешко затоа што треба да се заобиколи планинатата Буковиќ, а брзината треба да биде од 90 до 130 километри на час.

– За жал, прехтодната Влада немаше сработено ништо. Во ноември лани добивме известување од надзорниот инжинер кој побара да се продолжи рокот за завршивање за две години затоа што мора да се компензират двете изгубени години. Затоа ќе се оди со рок од декември 2029 година, што не значи дека нема да биде и порано, рече Николоски. На Тетово-Гостивар има многу натпатници гравитираа пет општини и треа да се спојат, а мора да го држиме во добра кондиција и постојниот пат. 

Не очекува промени во цената на чинење, но, потенцираше, продолжувањето на рокот мора да го направиме заради претходната Влада. Експропријацијата е завршена. За Гостивар- Букојачни на седница на Влада е усвоен урбанистичкиот план за вториот дел, а за Прилеп – Битола урбанистичкиот проект, врз основа на тоа се прави експропријација и веќе немаме такви отворени прашања односно обврската на државата е целосно завршена, рече Николоски. 

Тој се надева дека едната лента од автопатот Прилеп – Битола веќе првата половина на следната година ќе биде целосно пуштена, а автопатот Гостивар – Букојчани, појасни, мора да го пуштиме цел затоа што на другата страна нема каде да се излезе доколку не се сработи комплетно.

Вицепремиерот Николоски го истакна и значењето на овие инфраструктурни проекти за бруто домашниот производ. – Горд сум што третиот квартал минатата година растот во градежништвото беше 21 проценти, во четвртиот квартал 16,7 проценти. Очекуваме добри бројки и за првиот квартал оваа година и да продолжи така во следниот период, изјави Николоски. 

На автопатот Гостивар-Букојчани, генерално остварен е напредок од околу 60 проценти на работите. Изградени се камп за привремено сместување и работа со капацитет за повеќе од 1200 лица, база за подготовка на бетон и префабрикување на бетонски елементи за објектите, мост на 7- миот километар од почетокот на трасата на кој може да се вози по двете коловозни ленти.
Дополнително се работи на два моста, натпатник, косини и заштита на косини по патот, и се поставуваат потпорни гамбионски ѕидови, пропусти и канали. 

За делниците што ги гради „Бехтел и Енка“ од март 2023 до јуни 2024 година реализирани 241,3 милиони евра, од кои за градежни работи 19,6 милиони евра. Од јули 2024 до мај 2026 година исплатени се 278,4 милиони евра само за градежни работи.
За делниците од овој проект досега е заврешена експропријација на над 3000 парцели, од кои 560 до јуни 2024 година, а 2.483 парцели до мај годинава. лв/сст/
Извор: МИА 

…

Related Posts

„Буквално ќе ме уништи“: Патувањето на работа стана целосно неисплатливо за Американците

11.05.2026
Колапс на најголемиот светски пазар за автомобили: Се урна продажбата на нови возила

Колапс на најголемиот светски пазар за автомобили: Се урна продажбата на нови возила

11.05.2026
Летниот распоред на летови поширок: 10 нови дестинации од Скопје и Охрид

1,2 милиони патници и над 8.000 летови: Рекорден раст на авио-движењето во Македонија, меѓу најбрзите во Европа

11.05.2026

Николоски: На автопатот Охрид-Кичево го реализираме најголемиот инженерски потфат во регионот

11.05.2026
Германија воведува ограничување на дневните зголемувања на цените на горивата

Во Америка експлодира цената на горивото – Министер на Трамп: Размислуваме за укинување на данокот

11.05.2026

Виноскоп се враќа како најубавата пролетна здравица на Скопје

11.05.2026

Препорачани Вести

Коњановски: Битола ја пренесува бадниковата традиција на идните генерации

4 месеци ago
Планирани прекини на струја во Центар, Бутел и Карпош

Повеќе делови од Тетово утре ќе останат без електрична енергија

1 месец ago

Популарни Вести

  • „Буквално ќе ме уништи“: Патувањето на работа стана целосно неисплатливо за Американците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колапс на најголемиот светски пазар за автомобили: Се урна продажбата на нови возила

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 1,2 милиони патници и над 8.000 летови: Рекорден раст на авио-движењето во Македонија, меѓу најбрзите во Европа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: На автопатот Охрид-Кичево го реализираме најголемиот инженерски потфат во регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Масовна еко акција во Битола: „Генералка Викенд“ обедини стотици граѓани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.