вторник, мај 12, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Божиновска на Евроазиски економски самит во Истанбул: Македонија дел од глобалната дебата за енергетска безбедност и новиот светски поредок

by Redakcija
12.05.2026
in Економија, Топ Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на 29. Евроазиски економски самит во Истанбул, Турција.

Годинешниот Евроазиски економски самит се одржа под мотото „Global Responsibility – The Post-War World with War, Terrorism, Conflict, and Involuntary Migration“, а во фокусот на дискусиите беа глобалната енергетска безбедност, новите геополитички односи, климатските предизвици, недостигот на вода и зеленило, како и економските и социјалните последици од светските конфликти и миграции. Самитот во Истанбул собра политички лидери, министри, дипломати, академици, претставници на бизнис секторот и граѓански организации од повеќе континенти, со цел отворање нов дијалог за поодржлива, постабилна и покооперативна иднина.

Божиновска заедно со актуелни и поранешни министри, европски политички лидери, дипломати и претставници на меѓународни институции од Европа, Азија и Блискиот Исток се обрати на панел на тема „Energy and Economy in the Post-War World alongside War, Terror, Conflict and Forced Migration“.

Во своето обраќање, Божиновска истакна дека во услови на глобални кризи, енергетиката повеќе не е само економско прашање, туку прашање на безбедност, стабилност и стратешка отпорност на државите.

„Изолацијата не е стратегија. Соработката е“, порача министерката, нагласувајќи дека Северна Македонија активно работи на диверзификација на енергетските извори, регионално поврзување, инвестиции во обновливи извори и модернизација на енергетската инфраструктура.

Посебен акцент во обраќањето беше ставен на регионалната енергетска поврзаност на Балканот, која, според Божиновска, денес претставува геополитичка неопходност, а не само инфраструктурно прашање.

Министерката нагласи и дека зелената транзиција мора да биде реална, праведна и социјално одговорна, без создавање енергетска сиромаштија и нови економски нееднаквости, особено за земјите во развој и транзиција.

„Зелената транзиција не може да успее ако создава енергетска сиромаштија и ги продлабочува нееднаквостите. Потребна е транзиција што ќе биде истовремено и одржлива и праведна“, истакна Божиновска.

Таа се осврна и на важноста од регионална соработка, стабилни партнерства и забрзана интеграција, потенцирајќи дека малите држави не смеат да бидат пасивни набљудувачи на глобалните промени, туку активни учесници во нивното обликување.

Учество на Македонија на вакви глобални форуми е од особена важност за позиционирање на државата како активен и кредибилен партнер во меѓународните процеси поврзани со енергетиката, економската стабилност, зелената транзиција и регионалната соработка.

…

Related Posts

Прв ден од Самитот на Македонија2025: Потребни се забрзан одржлив раст, силно лидерство и заедничка акција за просперитетна иднина на Македонија

12.05.2026

ФИФА Арена во Босилово: Отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

12.05.2026

Вкупен промет од 25.222.267 денари, поддржан од блок-трансакција кај Комерцијална банка

12.05.2026

Коњановски: Во завршна фаза е изградбата на новата боксерска сала во Битола

12.05.2026

Тоневски: Во тек е реконструкцијата на улицата „Ленинов плоштад“ во Пробиштип

12.05.2026

Што треба да знаете пред да ја купите вашата прва криптовалута

12.05.2026

Препорачани Вести

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во домот на апелацискиот судија: Јавното обвинителство ја шири истрагата за корупција

4 месеци ago

Реконструкција на Владата во мај или јуни, најави Мицкоски

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Тешка несреќа на обиколницата во Скопје, возила искршени по судирот (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жена од Тетово пријавила следење и вознемирување, полицијата регирала

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прв ден од Самитот на Македонија2025: Потребни се забрзан одржлив раст, силно лидерство и заедничка акција за просперитетна иднина на Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ФИФА Арена во Босилово: Отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вкупен промет од 25.222.267 денари, поддржан од блок-трансакција кај Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.