Connect with us

Инфо +

Штипјанка е заведена како умрена, не може да докаже дека е жива за да земе пензија! (Видео)

Published

on

Два месеца, штипјанката Драгица Панова пред Фондот за ПИОМ не може да докаже дека е жива. Нејзината бизарна приказна, започнува со смртта на нејзиниот сопруг, на почетокот на годинава.

„Мојот сопруг почина на 4 јануари, и јас сум заведена како почината на 4 јануари, а по кој основ сум заведена како мртва не знам. Од јануари наваму јас немам добиено пензија. Никој не сака да ми објасни што еп проблемот“, изјави Драгица за ТВ Стар.

Од тој момент таа оди од врата до врата со намера да докаже дека е жива и да обезбеди редовен прием на пензијата, но до денеска сите обиди и се неуспешни.

„Во месец март ги исправив документите, и рекоа дека ќе биде. Но отидов да земам пензија и ми рекоа дека нема, истото го рекоа и во април“, вели Драгица.

Во меѓувреме таа живее скромно и за пари се снаоѓа на различни начини во очекување администрацијата да го реши нејзиниот случај.

„Позајмував пари и сега како да ги вратам? Кажете ми што да правам јас без пензија? Ова што се случува е срамота, од жив да те направат умрен и да те остават без денар. Пополнив потврда за живот, рекоа ќе се среди. Кога ќе се среди?“, прашува Драгица.

Од друга страна од Фондот во врска со случајот изјавија: 

„На 24 март испративме известување до Одделението за исплата на пензии во Скопје, од каде повратно побараа документ за лична идентификација и оформен документ за живот, но лицето Драгица Панова до сега не се има обратено кај референтот за права од прв степен да достави лична карта. Доколку се јави, ние ќе го оформиме предметот и ќе го доставиме до Скопје со што нејзиниот проблем се решава“, велат од Фондот.

Македонија

Данела Арсовска нема да се кандидира за нов мандат

Published

on

Актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска нема да кандидира за нов мандат. Во изјава за медиумите дадена денеска по примопредавањето на шест нови еколошки автобуси за потребите на ЈСП, Арсовска рече дека ситуацијата во државата е крајно полазирана и дека не планира да соработува со луѓе кои знаат само да саботираат и блокираат.

– Би сакала да им посакам барем еднаш да покажат и да докажат прво пред граѓаните дека она што го кажуваат, ќе можат да го реализираат за да на следните избори имаат поддршка. Јас кога се кандидирав за градоначалник, ја имав поддршката од ВМРО-ДПМНЕ којашто, за жал, не успеа да се надмине себеси. Суетите се преголеми за да дозволите некој да работи без да му кажувате што и како да прави. Благодарам, но јас со такви луѓе кои знаат само да саботираат и да блокираат не би сакала никогаш повеќе да работам, рече Арсовска.

Прашана дали со последните случувања со ЈСП е отпочната кампањата за локалните избори, Арсовска рече дека нема да навлегува во политичките агенди, но дека граѓаните се доволно патентни и ќе можат да проценат кои се оние кои можеле да го решат пробемот со јавниот превоз во изминатите три години.

– Ако некој кажува дека овој проблем ќе го реши следната година по локланите избори, прашајте го затоа што не го решил досега. Затоа што Советот е оној којшто можел одлуката за набавка на нови автобуси да ја донесе пред три години. Зошто таква одлука не е донесена треба да ги прашате нив. Да можеше без одлука на Совет, Град Скопје да функциоонира и да можеше да направи јавна набавка, досега ќе беше направена, рече Арсовска.

Continue Reading

Македонија

Вработување: ООУ „Симче Настовски“ с. Вратница, плата 35.531 денар

Published

on

ООУ „Симче Настовски“ с. Вратница, Јегуновце објавува оглас за вработување на 1 јавен службеник од група I, подгрупа II. Работното место вклучува организирање административно-канцелариски задачи и обезбедување комуникација меѓу учениците, родителите и наставниот кадар.

https://prijava.aa.mk/#/announcementDetails/4046

Continue Reading

Македонија

61-годишна жена го роди своето прво бебе, таа е највозрасната прворотка во Македонија

Published

on

Според досегашните информации, мајката и бебето се во општа стабилна состојба. Бебето било зачнато со ин витро.

61-годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија пред неколку дена во Скопје. Случајот се смета за највозрасната прворотка во Македонија.

Според досегашните информации, мајката и бебето се во општа стабилна состојба. Бебето било зачнато со ин витро.

Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиовска Папестиев за денеска на пладне најави повеќе детали.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк