сабота, јули 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Мистериозни смртни случаи и исчезнувања на американски научници од НАСА ја потресоа јавноста: ФБИ отвори голема истрага

by Уредник
15.05.2026
in Свет, Црна Хроника

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) започнало широка повеќеагенциска истрага по серија мистериозни смртни случаи и исчезнувања на врвни американски научници поврзани со воздушната, нуклеарната и одбранбената индустрија, објавија повеќе профили и извори на социјалните мрежи.


Според информациите што кружат на интернет, истрагата опфаќа најмалку 12 случаи во последните четири години, а последниот наводен инцидент дополнително ја зголемил загриженоста во американската јавност.
Во центарот на вниманието е случајот со инженерот Лебланк, кој работел на идни мисии за Марс. Според објавите, неговото семејство пријавило исчезнување, а неколку дена подоцна неговото возило било пронајдено целосно изгорено на рурален пат во американската сојузна држава Алабама. Наводно биле потребни денови форензички анализи за да се потврди неговиот идентитет.


Во објавите се тврди дека овој случај е дел од поширока федерална истрага во која се споменуваат и пензиониран генерал на американските воздухопловни сили, истражувач од лабораторијата „Лос Аламос“, како и инженер на НАСА кој исчезнал без трага во шумска област во близина на Лос Анџелес.


Според текстот што масовно се споделува на социјалните мрежи, директорот на ФБИ, Каш Пател, наводно потврдил дека Бирото координира информации со Министерството за енергетика, Министерството за одбрана и локалните власти.
Иако засега нема официјална потврда дека случаите се меѓусебно поврзани, објавите тврдат дека серијата исчезнувања и смртни случаи предизвикала сериозна загриженост во американската безбедносна и научна заедница.


Во дел од реакциите на интернет, корисници веќе го споредуваат целиот случај со сценарија од научно-фантастични серии и филмови, особено поради фактот што дел од исчезнатите научници работеле на чувствителни проекти поврзани со вселената, квантните технологии и одбранбените системи.


Сепак, засега нема официјално соопштение од американските институции кое целосно ги потврдува деталите што се шират на социјалните мрежи, а дел од јавноста бара дополнителна проверка на информациите и официјална реакција од ФБИ и Министерството за правда на САД.

Related Posts

56-годишна жена тешко повредена по удар од електричен мопед

04.07.2026

Тепачка меѓу три скопјанки по сообраќајна расправија

04.07.2026
Полиција policija

Лишени од слобода 15 лица во акција на полицијата – МВР со детали

04.07.2026
Полска и Велика Британија потпишуваат нов безбедносен договор за зајакнување на одбраната од Русија

Американците ја предупредиле Полска за можен руски напад, а Туск порача: „Не сакам никого да заплашувам, но…“

04.07.2026

BBC: Русија регрутира студенти со ветувања за работа со дронови, а тие завршуваат на првата борбена линија

04.07.2026

Двајца малолетници во одделни случаи избодени во Скопје

04.07.2026

Препорачани Вести

Маскиран 36-годишен битолчанец со пиштол упаднал во канцеларија за брзи кредити!

2 месеци ago

Хегсет: САД подготвуваат најсилни напади досега врз Иран

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Гори тешко пристапен терен – ер трактори повторно активирани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гасниот интерконектор со Грција во завршна фаза, готов во првата половина од 2027

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 56-годишна жена тешко повредена по удар од електричен мопед

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тепачка меѓу три скопјанки по сообраќајна расправија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишени од слобода 15 лица во акција на полицијата – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.