петок, октомври 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Најомилениот дел од сендвичот всушност е најопасен: Само две парчиња од ова можат сериозно да му наштетат на вашето здравје

by Redakcija
14.07.2026
in Магазин

Секојдневното консумирање на само околу 50 грама преработено месо, што одговара на приближно две парчиња шунка, може да го зголеми ризикот од развој на дијабетес тип 2 за 15 проценти во следните десет години, покажува голема меѓународна студија објавена во престижното научно списание The Lancet.

Истражувањето го спровеле научници од Универзитетот во Кембриџ, кои наведуваат дека резултатите дополнително ги потврдуваат препораките за ограничување на внесот на преработено и црвено месо.

Во студијата биле опфатени речиси 1,97 милиони возрасни лица од 20 земји на пет континенти, што ја прави една од најголемите досега спроведени анализи од ваков вид. Истражувачите ги анализирале навиките во исхраната и здравствената состојба на испитаниците за да утврдат дали постои поврзаност меѓу консумирањето месо и појавата на дијабетес тип 2.

Резултатите покажале дека лицата кои секојдневно внесуваат околу 50 грама преработено месо имаат 15 проценти поголем ризик да развијат дијабетес тип 2 во споредба со оние кои го консумираат поретко.

Истражувањето покажува дека ризик постои и кај непреработеното црвено месо. Дневен внес од околу 100 грама говедско или друго црвено месо е поврзан со 10 проценти поголем ризик од појава на дијабетес тип 2.

Научниците анализирале и месо од живина. Според резултатите, секојдневното консумирање околу 100 грама пилешко или друго месо од живина е поврзано со осум проценти поголем ризик од развој на дијабетес тип 2. Сепак, авторите нагласуваат дека се потребни дополнителни истражувања за подобро да се објасни оваа поврзаност.

Експертите потсетуваат дека во последните неколку децении значително се зголемиле и производството и потрошувачката на месо, додека бројот на заболени од дијабетес тип 2 постојано расте. Според проценките, денес околу 500 милиони луѓе ширум светот живеат со ова заболување, а до 2050 година таа бројка би можела да се удвои.

Авторите на студијата заклучуваат дека разновидната и урамнотежена исхрана, со ограничен внес на преработено и црвено месо, може да придонесе за намалување на ризикот од развој на дијабетес тип 2 и други хронични заболувања.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Дали „Сеат“ ќе исчезне од пазарот?

16.10.2026

Пари пред викендот? Три знаци ги очекува интересен финансиски пресврт на 16 октомври

16.10.2026

Еднаш „на струја“, повторно „на струја“? Што открива анкета меѓу возачите

15.10.2026

Песните на Тоше ќе одекнат во Сплит: Концерт во чест на неговото музичко наследство

15.10.2026

Пари на повидок за три знаци: Што носи финансискиот хороскоп за 15 октомври?

15.10.2026

Четири цифри, голем ризик: Кои комбинации да ги избегнувате за ПИН на картичката?

13.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Нов меѓународен аеродром во Јужна Азија, вреден речиси 3 милијарди евра

Расправија прераснала во тепачка на скопскиот аеродром

4 недели ago

„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ СО НОВИ КАЗНИ: 45 евра за блокирана крстосница и паметни семафори што ќе го менуваат сообраќајот, ќе се казнува и за непрописно паркирање, запирање на коловози и тротоари

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Мајка пријавила дека сосед ја нападнал нејзината малолетна ќерка во тетовско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пленковиќ: Македонија беше пред Хрватска, но две држави ѝ одзедоа 21 година на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Грција отвори огромно батериско складиште за електрична енергија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: „Летечкиот“ автомобил на Маск меѓу големите ветувања и долгото чекање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Раст на туризмот: До август остварени околу 2,73 милиони ноќевања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.