среда, октомври 14, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Нови детали за исчезнувањето на Александар Нешовиќ-Баја: Крв во ресторанот, црн БМВ пред влезот и 10 уапсени во големата акција во Белград

by admin
16.05.2026
in Црна Хроника

Исчезнувањето на Александар Нешовиќ – Баја, човек кој со години бил познат на белградската јавност, прерасна во една од најголемите криминалистички истраги во Србија во последниот период. По неколкудневна потрага и обемна акција на полицијата и обвинителството, досега се уапсени 10 лица, меѓу кои и високи полициски функционери, додека истражителите се обидуваат да откријат што точно се случило во ноќта на 12 мај во ресторан на Сењак.


Според досегашните информации, Нешовиќ последен пат бил виден во ресторанот „Ресторан 27“, каде пристигнал со својот црн БМВ X7 за средба со познаници. Возилото го оставил пред самиот локал, а околу 23 часот телефонски разговарал со својата невенчана сопруга Ј.М., на која ѝ рекол дека е во ресторанот со пријатели.

Веднаш потоа неговиот мобилен телефон бил исклучен и секоја трага од него исчезнала.
Неговата сопруга следниот ден официјално го пријавила исчезнувањето, по што во случајот се вклучиле припадници на Управата на криминалистичката полиција и Вишото јавно обвинителство.

Истражителите влегле во ресторанот вечерта на 13 мај и таму откриле вознемирувачки докази.
Форензичарите пронашле две чаури од калибар 9 милиметри, како и повеќе траги од крв за кои постои сомневање дека му припаѓаат на Нешовиќ. Увидот траел со часови, а истражителите користеле специјални хемиски средства за откривање траги што, според нивните сомнежи, некој се обидел да ги исчисти од подот и од внатрешноста на локалот.


Во близина на ресторанот, во контејнер, бил пронајден и ајфон, за кој засега не е утврдено кому му припаѓа, но се проверува дали има поврзаност со случајот.
Истрагата потоа брзо се проширила и довела до серија апсења. Како главни осомничени за обид за тешко убиство, нелегално поседување оружје и предизвикување општа опасност се приведени С.В. и М.С. Полицијата истражува дали по пукањето биле организирани активности за прикривање на трагите и помагање на сторителите да избегаат.


Меѓу уапсените е и Д.В., сопруга на осомничениот С.В., која според истрагата наводно донела оружје од тајна локација, таканаречен „штек“. Под сомнение дека помогнале во прикривање на злосторството, приведени се и сопственикот на ресторанот Н.Л., како и келнерот кој бил на смена таа вечер.
Дополнително, полицијата го уапсила и Д.С. (51), за кого постои сомневање дека по пукањето им помогнал на осомничените да се сокријат и ги одвел во Јаково. При неговото приведување биле пронајдени пасоши и околу 10.000 евра.


Во истрагата е опфатен и поранешниот началник на белградската полиција Веселин Милиќ, како и тројца полицајци, поради сомневања дека помагале во прикривање на случајот и уништување на докази.
Случајот предизвика огромно внимание во Србија, особено затоа што Нешовиќ пред само четири месеци преживеал обид за ликвидација на Сењак, кога бил нападнат од платени убијци.

Истражителите сега проверуваат дали двата инциденти се поврзани и дали станува збор за пресметка меѓу криминални структури.
Иако истрагата е во тек, судбината на Александар Нешовиќ – Баја сè уште официјално не е разјаснета, а српските медиуми случајот веќе го нарекуваат една од најмрачните криминални приказни во Белград оваа година.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

МВР и ФБИ откриле нелегален пазар за украдени податоци, пријавен 20-годишник од Тетовско

14.10.2026

Барале 10.000 евра и се заканувале со компромитирачки материјали – Тројца приведени

14.10.2026

Полициска акција во Струмица – Одземени дрога

14.10.2026

Пријава против полициски раководител во Јажинце: Не казнил возач со истечена сообраќајна дозвола

13.10.2026

Контрола во тетовско заврши со приведување, одземени автомобил и огревни дрва

13.10.2026

„Task Force“ во акција кај Делчево: Контрола на автомобил заврши со две приведувања

13.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Блокирале возило и го запалиле: четворица загинати во Италија

4 месеци ago

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,82 отсто, најтргувани акциите на Алкалоид

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Граѓаните со свои предлози ќе учествуваат во подготовката на Буџетот на Прилеп за 2027 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР и ФБИ откриле нелегален пазар за украдени податоци, пријавен 20-годишник од Тетовско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ќе донесе ли октомври зимски температури? Попоски со неофицијална метеоанализа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВЛЕН го прашува Ахмети: „Каде е факелот за Груби?“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.