среда, јули 8, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Сали на ЕУСАИР форумот: Без поврзаност нема одржлив развој во регионот

by Redakcija
19.05.2026
in Македонија
Сали на ЕУСАИР форумот: Без поврзаност нема одржлив развој во регионот

Во Скопје денеска официјално стартуваше 11. Форум на Стратегијата на Европската Унија за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР), настан што годинава се одржува во знакот на македонското претседавање со оваа регионална иницијатива, како и со Јадранско-јонската соработка. Организатор е Министерството за европски прашања.

Под мотото „Accelerating EUSAIR: From Commitment to Impact“, форумот го претвори главниот град во средиште на регионален дипломатски дијалог, собирајќи на едно место високи државни претставници, делегации од Европската комисија, претставници на локални самоуправи, меѓународни организации, граѓанскиот сектор и млади од земјите од Јадранско-јонскиот регион.

Во своето обраќање на отворањето, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, порача дека ваквите макро-регионални формати денес имаат сè поголема тежина, бидејќи претставуваат важен инструмент за поврзување, стабилност и приближување кон Европската Унија.

Тој нагласи дека ЕУСАИР одамна ја надминала улогата на класична платформа за соработка, оценувајќи ја како практичен канал кој ги поврзува државите од регионот со европските интеграциски процеси. Во услови на засилени геополитички и економски предизвици, според него, клучни остануваат заедничките политики, подобрата координација и инвестициското поврзување меѓу земјите.

Сали исто така порача дека проширувањето на Европската Унија треба да се гледа како долгорочна инвестиција во стабилноста и развојот на целиот континент, посочувајќи дека земјите од Западен Балкан мора да продолжат со реформските процеси и продлабочување на регионалната соработка.

Во рамките на форумот се одржа и состанок на министрите на Јадранско-јонскиот совет и ЕУСАИР, каде што беше усвоена Скопската декларација. Со овој документ земјите учеснички ја потврдија заедничката определба за зајакнување на соработката во регионот, поддршка на процесот на проширување на ЕУ и унапредување на заедничките европски цели.

…

Related Posts

Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото

08.07.2026

Николоски: Завршивме со реконструкција на железничката обиколница Скопје, линијата Драчево – Илинден

08.07.2026

Во опасност сте? Новата апликација ќе испраќа локација, видео и ќе овозможи тивок повик до 112

08.07.2026

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локално со пороен дожд и грмежи, температурата до 36 степени

08.07.2026

AI во HR повеќе не е иднина туку нов стандард за паметно вработување

07.07.2026

Николоски: Започнува најкрупната реформа – нов едношалтерски систем за побрз увоз, извоз и транзит

08.07.2026

Препорачани Вести

Утре неколку скопски општини и населби ќе останат без струја

4 недели ago

30-годишна кавадарчанка со 2,6 промили алкохол во крвта, по семејна расправија го нападнала сопругот со нож и му нанела телесни повреди

5 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО: Трамп направи нов лапсус на самитот на НАТО

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од сметката на тетовчанка исчезнале илјадници денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола: Се асфалтира улицата „Леринска“, инвестиција од речиси 7 милиони денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска со претставници на германската KfW: Зајакнување на партнерството во областа на енергетската ефикасност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полициска акција во Скопје и Битола – Уапсени седум лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.