среда, мај 20, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Запленети 500.000 евра на Табановце: Скриени во специјален бункер во минибус

by Simovski
20.05.2026
in Македонија
Запленети 500.000 евра на Табановце: Скриени во специјален бункер во минибус

На граничниот премин Табановце е откриен и спречен обид за шверц на околу 500.000 евра во готовина, кои биле вешто сокриени во специјално изработен скриен дел во минибус што доаѓал од Албанија, информираат од Царинската управа.

Според изјавата на директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, возилото било детално прегледано откако царинските службеници забележале сомнителни модификации на конструкцијата. Во акцијата биле вклучени мобилен тим, царинско куче и скенер-систем, кои заедно ги потврдиле сомнежите за криумчарење.

При подеталната контрола, во скриен бункер биле пронајдени 14 пластични ќеси со големи количини евра, внимателно спакувани и сокриени во возилото. Минибусот, кој е во сопственост на албанска туристичка агенција, превезувал и седум патници во моментот на контролата.

Како што посочи Николовски, возачот на минибусот, албански државјанин со иницијали Џ. Г., е приведен и против него е поведена постапка, по што веќе има и судска пресуда од Основниот суд во Куманово.

Запленетата сума, заедно со возилото, е трајно одземена, а парите се предадени на надлежните институции и депонирани во Народната банка, во согласност со законските процедури.

Од Царината велат дека во моментов се утврдува потеклото и сопственоста на парите, а крајната одлука за нивната судбина ќе ја донесат надлежните органи.

Директорот на Царинската управа истакна и дека службениците кои учествувале во акцијата ќе бидат парично наградени, оценувајќи ја интервенцијата како една од најзначајните досега на ова гранично преминување, со јасна порака дека секој обид за нелегален пренос на готовина ќе биде строго санкциониран.

…

Related Posts

Мицкоски: Се спротивставуваме на секое надворешно влијание врз Македонија

Мицкоски: Се спротивставуваме на секое надворешно влијание врз Македонија

20.05.2026

Одбраната во случајот „Пулс“ предупредува на нарушено право на увид во доказите

20.05.2026

На еден од обвинетите за пожарот во „Пулс“ му се слоши за време на судењето: Префрлен со брза помош

20.05.2026

Мицкоски: Реформската агенда останува врвен приоритет

20.05.2026

На дневен ред во Собранието: Опозициски прашања и измени во повеќе клучни закони

20.05.2026

Пазарната инспекција со засилени контроли: Над 600 надзори и над 2,1 милион денари казни

20.05.2026

Препорачани Вести

Хоџа: Ја најавувам јавната расправа за прогласување на Белчишко Блато за заштитено подрачје – Парк на природа

2 месеци ago

Апсење во Скопје – Приведени четири лица

2 недели ago

Популарни Вести

  • Започнува изградба на првата линија од Градскиот воз од 1 септември

    Започнува изградба на првата линија од Градскиот воз од 1 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Се спротивставуваме на секое надворешно влијание врз Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одбраната во случајот „Пулс“ предупредува на нарушено право на увид во доказите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Преку регионални проекти и модерна опрема ја зголемуваме безбедноста од пожари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Премиерот Мицкоски на стартот на доградбата на ООУ „Јоаким Крчовски“: Инвестиција за подобро образование за нашите деца

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.