четврток, ноември 5, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Божиновска: 80 проекти вредни 1,7 милијарди евра се двигател на зелената транзиција

by Redakcija
21.05.2026
in Економија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини вчера го одржа кварталниот координативен состанок на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (JETIP), на кој беше претставен напредокот на платформата. На состанокот беше официјализирано приклучувањето на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) кон платформата преку потпишување на Аранжманот за пристап кон Заедничката декларација, што е сигнал дека и понатаму се зголемува поддршката од меѓународните партнери.

„ Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција веќе не е само платформа за планирање – тоа е платформа која испорачува. Имаме конкретни проекти во изградба, работници кои се обучуваат и инвестиции кои се реализираат на терен. Преку Платформата испраќаме јасна порака дека меѓународната заедница го поддржува нашиот курс кон праведна и одржлива енергетска транзиција“, посочи министерката Сања Божиновска.

Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција воспоставена со потпишувањето на Заедничката декларација на COP28 во декември 2023 година, претставува главен координативен инструмент на Владата за спроведување на праведната енергетска транзиција. 

Во моментот се идентификувани околу 80 проекти кои директно придонесуваат кон енергетската транзиција а истата е поддржана од водечки меѓународни финансиски институции: ЕБОР – како главна водечка финансиска институција, КfW, Светска банка, ЕИБ, Климатскиот инвестициски фонд, Француската агенција за развој, Council of Europe Development Bank, Cassa Depositi e Prestiti, УНДП и ЕУ. 

Вредноста на проектите кои се идентификувани, во моментот се во вкупен износ од околу 1,7 милијарди евра, од кои за проекти во вкупна вредност од приближно 460 милиони евра се веќе обезбедени финансиски средства. Портфолиото вклучува инсталирање на обновливи извори на енергија од 252 MW во јавниот сектор (фотонапонски централи, ветерни централи, складишни капацитети), каде најголем удел има фотонапонската централа Битола 3 (134 MW), чиј договор за финансирање беше потпишан во декември 2025 со меѓународните развојни банки ЕБОР и КfW. 

Согласно последниот извештај за 2025 година објавен од страна на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, електроцентралите коишто користат обновливи извори на енергија доминираат во вкупниот инсталиран капацитет, односно нивното учество во 2025 година изнесува 58,22%, што претставува зголемување од 2,5% споредено со 2024 година. Во вкупниот инсталиран капацитет во 2025 година фотонапонските електроцентрали учествуваат со 30,44%, хидроелектроцентралите со 22,76%, и сите преостанати обновливи извори со 5,01%.

Понатаму, 676 вработени во ЕСМ успешно завршиле програми за обука во текот на 2025 и 2026 година, надминувајќи ги очекувањата во различни обуки за технички вештини, монтажа на сончеви панели, управување со енергија.

Многу значајна е и улогата на приватниот сектор со вкупна мобилизација од над 210 милиони евра, преку комерцијалните банки и развојните банки, за изградба на капацитети од обновливи извори на енергија. 

Со имплементација на ова портфолио, се очекува да се намалат емисиите за приближно 220.000 тони CO₂ годишно. 

На состанокот беше истакнато дека со усвојувањето на ревидираниот План за енергија и клима на 31 март 2026 година, политичката рамка за транзицијата е во голема мера заокружена. Следен чекор преставува усвојувањето на Законот за обновливи извори на енергија, којшто ќе се реализира оваа година.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

ЕУ бара усогласување со политиките за критични суровини, Македонија треба да го отвори патот за нови рударски инвестиции

05.11.2026

Пониски приходи и добивка на Реплек, со раст на домашната продажба

05.11.2026

Божиновска: Европската комисија нотира напредок во енергетиката, обновливите извори достигнаа 58,22 отсто од инсталираната моќност

05.11.2026

Народна банка: Позитивни оценки од ЕК за банките и напредок во европските платежни системи

05.11.2026

Еве до кога се очекуваат парите од „МојДДВ“

04.11.2026

Шефот на АББ предупредува: Европа ризикува масовна невработеност, Германија мора да поведе со реформите

04.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Златото и среброто опаднаа по рекордниот раст, додека доларот бележи раст

Златото повторно се искачи над 5.000 долари по геополитичките тензии околу Иран

9 месеци ago

Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

2 недели ago

Популарни Вести

  • ЕУ бара усогласување со политиките за критични суровини, Македонија треба да го отвори патот за нови рударски инвестиции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Традицијата и врвниот квалитет на „Тиквеш“ со меѓународно признание: Златен медал за „Kumova Reserve“ на „Spirits Selection by CMB“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меџити: Со заедничка работа на општината и министерствата ќе ги придвижиме проектите во Боговиње

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пониски приходи и добивка на Реплек, со раст на домашната продажба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЖРСМ Инфраструктура: Работиме на надминување на проблемите наследени од недомаќинското работење во минатото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.